Википедија:Избрана статија/2025/24

Уметничко толкување кое го прикажува животот на масивна ѕвезда како јадрено соединување ги претвора полесните елементи во потешки. Кога соединувањето повеќе не создава доволно притисок за да се спротивстави на гравитацијата, ѕвездата брзо колабира и настанува црна дупка. Теоретски, енергијата може да се ослободи за време на колапсот долж оската на вртење за да настане гама-изблик.

Гама-изблик — неизмерна енергетска експлозија кои се забележани во далечните галаксии, кои се најсветлите и најкрајните експлозивни настани во целиот универзум, како што ги опишува НАСА, изблиците се како „најмоќна класа на експлозии во универзумот“. Тие се најенергичните и најсветлите електромагнетни настани од Големата експлозија. Гама-изблиците може да траат од десет милисекунди до неколку часа. По првичниот блесок на гама-зраците, емитуван е „проследен сјај“, кој е подолготраен и обично е емитуван на подолги бранови должини (рендгенски, ултравиолетови, оптички, инфрацрвени, микробранови и радио).

Гама-изблиците првпат биле откриени во 1967 година од сателитите Вела, кои биле дизајнирани да забележуваат тајни тестови за јадрено оружје; по темелна анализа, ова било објавено во 1973 година. По нивното откритие, стотици теоретски модели биле предложени за објаснување на овие изблици, како што се судирите меѓу кометите и неутронските ѕвезди. Малку информации биле достапни за да бидат потврдени овие модели сè до откривањето на првите рендгенски и оптички последователни блесоци во 1997 година и директно мерење на нивните црвени поместувања со помош на оптичка спектроскопија, а со тоа и нивните растојанија и енергетски излези. Овие откритија, и последователните студии на галаксиите и суперновите поврзани со изблиците, ја разјасниле оддалеченоста и сјајноста на гама-изблиците, дефинитивно ставајќи ги во далечните галаксии. (Дознајте повеќе...)

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya