Википедија:Критериуми за добра статијаПатот кон квалитетни статии на Википедија Вашата прва статија → Инкубатор (критериуми) → Кандидати за избрана статија (критериуми) → Избрана содржина Кога некоја статија е од добар квалитет, но не ги исполнува целосно критериумите за да биде избрана, тогаш уредувачите ја бележат како добра статија и таа станува дел од инкубаторот на Википедија. Ова им дава на википедијанците прегледност; со дополнителен труд и рецензија, добрите статии можат да станат избрани. Како статиите се бележат како добриАко некоја статија ги исполнува минималните критериуми наведени долу, тогаш било кој уредувач може да ја додаде предлошката {{добра}} на дното од страницата, пред категориите. Ова автоматски ја става статијата во Категорија:Википедија:Добри статии и во Википедија:Инкубатор. Критериуми за добра статијаОвие минимални критериуми се предуслов за бележење на статијата како добра:
Овие критериуми не се строги. Тие се само еден мал показател за уредувачот да се одлучи дали да ја oбележи статијата. Најмногу од сè, треба да се користи здрав разум. Разлики меѓу добра и избрана статија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia