Википедија:Надворешни врскиСтатиите на Википедија можат да соржат врски до мрежни страници надвор од Википедија. Таквите страници можат да содржат понатамошни информации коишто се прецизни и во врска со темата, а коишто не можат да се вклопат во статијата од причини како авторски права или премногу детали (како статистика, интервјуа, онлајн книги и сл.) или други поврзани содржини што не се пригодни за вклучување во една статија на Википедија. Некои надворешни врски се добредојдени (видете „Што треба да се вклучи“ подолу), но Википедија нема цел да составува целосен список на надворешни врски поврзани со секоја тема. Ниедна надворешна врска не треба да се вклучува во статија на Википедија ако нејзиното вклучување не е според нормите. Темата на ова напатствие се надворешните врски што не се цитати или извори за напишаното во статијата. Ако страницата што сакате да ја вклучите содржи информации што сѐ уште не се дел од статијата, би можеле да ги употребите како извор за статијата и да го наведете како таков во забелешките. Напатствија за посочување на извори, во коишто се користат надворешни врски како докази, можат да се најдат на en:Wikipedia:Reliable sources и Википедија:Цитирајте извори. Важни работи што треба да се запомнат
Забранети врскиЗаради правилата на Википедија или од технички причини, на корисниците им се забранува вклучување врски од следниов тип, без исклучок:
Што да вклучитеПостојат неколку работи што треба да ги имате на ум кога додавате надворешна врска.
Секоја врска треба да се оценува според нејзиниот целокупен квалитет, користејќи ги следните напатствија. Како што бројот на надворешни врски во една статија расте, критериумот станува построг. Кога се двоумите дали треба да додадете нови врски, предложете ги истите на страницата за разговор и дискутирајте со другите уредувачи. Што треба да се вклучи
Добредојдени врски
Врски што треба да се избегнуваатОсвен врските до страници што се за темата на статијата или неофицијална страница за темата, и чиишто врски не се забранети, треба да се избегнуваат:
Рекламирање и судир на интереси
Заради растечкиот углед на Википедија и големата посетеност што може да му ја даде на еден надворешно мрежно место, постои големо искушение да се користи Википедија за рекламирање на мрежни места. Ова важи и за комерцијални и за некомерцијални мрежни места. Би требало да избегнувате врски до мрежни места што вие ги поседувате, ги одржувате или ги претставувате, дури и ако ги исполнуваат критериумите. Ако страницата е добро поврзана со темата и е доста информативна и би требало да биде вклучена, најдобро е да ја спомнете врската на страницата за разговор и да ги оставите другите, неутрални и независни уредувачи да одлучат за неа. Ова е во врска со напатствијата за судир на интереси. Бидејќи Википедија користи таканаречени nofollow ознаки, надворешните врски не ги менуваат резултатите во мрежните места за пребарување. Сега постојат некои спамботови што се способни за спамирање на викија, аналогни на submitter скриптите за guestbooks и блогови. Ако забележите бот кој додава надворешни врски, ве молиме проверете дали ботот го направил нападот и на викијата на други јазици. Ако го потврдите тоа, контактирајте со некој од сисопите на мета-вики. Тие можат да стават Wikimedia-wide text filter. Сисоповите веднаш ќе ги блокираат неовластените ботови. Веб-места што бараат регистрацијаВеб-места што бараат регистрација или платено членство треба да се избегнуваат затоа што се од ограничена корист за многу читатели. Многу онлајн весници бараат регистрација за пристап до дел или до целата содржина, додека некои бараат и членство. Онлајн списанија многу често бараат членство за пристап до нивните мрежни места или до вредна содржина. Ако во архивата имаат стари весници или списанија, најчесто мора да се плати за пристап до нив. Мрежно место што бара регистрација или членство не треба да се вклучува освен ако самото мрежно место е тема на статијата. Веб-места на други јазициВрски до мрежни места со содржина на македонски се приоритетни на Википедија на македонски јазик. Може да биде пригодна и врска до страница која не е на македонски јазик во одредени случаи: кога официјалната страница не е достапна на македонски јазик; кога врската е до текстот (на пример, на некоја книга) на оригиналниот јазик; кога мрежното место е поткрепено со карти, дијаграми, табели или слично. За повеќе видете во напатствијата за мрежни места што не се на македонски јазик. Кога додавате врска до мрежно место што не е на македонски јазик (освен исклучоците погоре), означете ја врската со јазична икона, достапна за повеќето јазици, со кодот за тој јазик: на пример: {{en}}, {{fr}} итн. Пренасочувачки странициСтраници што пренасочуваат кон некоја друга страница, не треба да се користат. Такви страници се на пример tinyurl.com и makeashorterlink.com. Повеќето од овие страници се на црниот список за спам бидејќи често се користат од т.н. врски-спамери, што значи дека не е возможно да зачувате страница со таква врска. Бидејќи пренасочувачките додаваат се наоѓаат на црниот список секогаш кога ќе се случи злоупотреба, можете да создадете проблеми за идните уредувачи со тоа што ќе ги користите. Додавање врски до прокси мрежни места е забрането од слични причини. Секогаш треба да додавате врски до изворната адреса. Општо е прифатено да се претпочитаат врски до точната дестинација на врската. На пример, ако primer.com автоматски пренасочува кон tripod.com/primer, подобро е врската што ќе ја додадете да биде до точната страница, иако сопственикот смета дека пренасочувачката адреса е поофицијална. Rich mediaПрифатливо е да додавате врски до страници што се прикажуваат со нормален HTML или чист текст. Проверете дали содржината на страницата е од типот „text/html“, „text/plain“ или „application/xhtml+xml“ (или друг тип на XHTML), бидејќи некои страници може да се прикажуваат само со таканаречени platform-dependant plugins'. Не би требало да вклучувате врски до страници што бараат посебен софтвер или некој додаток кон прелистувачот. Секогаш се претпочитаат врски до страници што се прикажуваат со нормален HTML што содржи вметнати врски до rich media содржините. Во случаи кога е неопходна врска до rich media содржина, мора да се додаде дополнителна забелешка за технологијата што е потребна за пристап до содржината, како во следните примери:
Врски до YouTube, Google Video и слични мрежни местаНема посебна забрана за врски до овие страници сѐ додека врските се придржуваат до напатствијата на оваа страница (и се ретки). Видете уште Википедија:Авторски права за забраната за врски што кршат нечии права од интелектуална сопственост. Избегнувајте преовладување на одредени гледни точкиВо статии со повеќе гледни точки, бројот на врските посветени на една гледна точка не треба да преовладува над бројот на врските посветени на другите гледни точки, ниту да се сведува до минимум најслабата гледна точка. Додавајте коментари за овие врски преку коишто ќе ги известите читателите за нивните гледни точки. Ако една гледна точка доминира со информации, таа треба прва да биде претставена. За повеќе информации, погледнете Википедија:Неутрална гледна точка - поточно, напатствија за undue weight (неизбалансираност). Долготрајност на врскитеМногу е важно да процените дали врската има изгледи да остане прецизна и прилагодена на статијата во иднина. На пример, не е корисно да додадете врска до страница што се менува често. Мртви надворешни врскиКако и сите други големи мрежни места, и Википедија страда од феноменот на непостоечки врски, кога надворешните врски кон кои водат статиите од Википедија веќе не постојат. Во ноември 2006, од 2.578.134 надворешни врски на англиската Википедија, околу 10% биле непостоечки. Врски до мртви адреси во делот за надворешни врски не се од корист за една статија на Википедија. Тие се непрофесионални и потребно е редовно да се поправаат. Таквите врски би требало или да се отстранат или да се обноват со архивирани верзии, коишто можат да се најдат на Internet Archive Wayback Machine. Специфичен е случајот кога врски што се користат како белешки (референци) ќе прекинат да работат: видете en:Wikipedia:Citing sources#What to do when a reference link "goes dead". Некои мртви врски се оневозможени од вандали (на пример, вандал може да онеспособи врска до производ што е соперник на производот на вандалот): вреди да се погледне во историјата на статијата, во случај да постои верзија од врската што сѐ уште работи. Некои случаи од ваквиот тип вандализам се особено незгодни, како на пример, заменување на ASCII знаци со идентични кирилични букви во адресата на надворешната страница. Киднапирани и повторно регистрирани местаПонекогаш, едно мрежно место може да биде „киднапирано“ (hijacked) или да биде ре-регистрирано (re-registered) со поинаква намера откако регистрацијата ќе истече. Во двата случаи, додека адресата е сѐ уште важечка, ве води до страница со поразлична или изменета содржина, што може да доведе до несоодветни содржини, како на пример порнографски мрежни места.[1] Веб-места што биле киднапирани или променети по ре-регистрацијата не треба да се додаваат како надворешни врски. Со нив треба да се постапи исто како и со мртвите врски. Како да додадете врскаВрска без текст (код и ефект): [http://primer.com/] [1] Врска со текст: [http://primer.com/ Пример за страница] Пример за страница Кога додавате надворешна врска, прво се пишува адресата (пр. primer.com), по неа се остава празно место, а текстот што се наоѓа по оставеното место е всушност текстот што ќе биде прикажан на статијата за таа надворешна врска (пр. „Пример страница“). Вметнување на викиврски (wikilinks) во текстот на врската не е правилно. Секогаш размислете кои зборови треба да влегуваат во врската, а на останатите што ќе бидат за врската може да се додаваат викиврски. „Ова е [http://primer.com/ пример за страница] неповрзана со [[фудбал]].“ „Ова е пример за страница неповрзана со фудбал.“
Заглавие за надворешни врскиПостојат два основни формати за надворешни врски. Највообичаениот е додавање на списокот со надворешни врски во посебно заглавие „Надворешни врски“ на крајот на статијата. Според стандардите, надворешните врски треба да бидат наредени во список во заглавие од второ рамниште (т.е. == Наслов ==) со наслов „Надворешни врски“. Насловот треба да биде „Надворешни врски“ (во множина) дури и кога постои само една врска во списокот. Кога додавате врска до некое мрежно место, би требало да дадете општо објаснување за содржината на тоа место и како е тоа поврзано со статијата. == Надворешни врски == * [http://primer.com/link_1 Врска 1] * [http://primer.com/link_2 Врска 2] Белешки и цитати (извори)Веб-местата што се користат како извори за некои тврдења во статијата треба да бидат наведени во статијата, со врска до нив, како белешки, во посебно заглавие за белешки. Врските до овие мрежни места што служат како извори не се „надворешни врски“ и не треба да се сместат во заглавјето „Надворешни врски“. Видете Википедија:Проверливост и Википедија:Цитирајте извори за додатни информации. Барање надворешни врскиen:Special:Linksearch е алатка за барање врски од статии на Википедија до мрежни места надвор од Википедија. На пример, all Wikipedia pages linking to Yahoo.com ПоврзаноЗа повеќе информации во врска со правилата и начелата на Википедија во врска со правилно форматирање на надворешните врски, видете:
Белешки |
Portal di Ensiklopedia Dunia