Википедија:Одрекување од одговорност за содржинатаОпшто одрекување од одговорност – Употребувајте ја Википедија на сопствен ризик – Википедија не дава медицински совети – Википедија не дава правни мислења – Википедија содржи спорна и разоткривачка содржина ВИКИПЕДИЈА СОДРЖИ РАЗОТКРИВАЧКИ МАТЕРИЈАЛ И МАТЕРИЈАЛ КОЈ МОЖЕБИ Е СПОРЕН
Во својата енциклопедиска функција, Википедија содржи илјадници статии на голем број на теми. Релативно мал дел од овие теми се теми кои често се цензурирани од едукативни, владини, корпоративни, родителски и други филтерни форми.
Моменталниот став на Википедија е да вклучува таква содржина која не прекршува ниту еден од нашите постоечки начела (особено неутралната гледна точка) или законите на сојузната држава Флорида во Соединетите Држави каде што Википедија е технички хостирана. Во било кој случај, Википедија е проект во создавање и многу статии содржат грешки, пристрасност, дуплирање или едноставно бараат грижа. Ние ги охрабруваме нашите читатели да ни помогнат да ги поправиме овие проблеми. Најголемиот дел од статиите се напишани главно од луѓе кои не се експерти на дадената тема и можат да имаат недостиг од академски или професионални познавања во областа. Википедија содржи информации кои обично не би биле покриени во конвенционална енциклопедија. Покривањето на Википедија е основана врз интересите на нашите волонтерски придонесувачи. Читателите не треба да го судат значењето на темите врз основа на нивната покриеност на Википедија, ниту да претпоставуваат дека определена тема е важна само заради тоа што е тема на статија на Википедија. Поврзано: Википедија:Проверливост. |
Portal di Ensiklopedia Dunia