Википедија:ПревметнувањеПревметнувањето (анг. transclusion) е вметнување на содржини од еден документ во друг со упат. Во контекст на Википедија, ова подразбира употреба на предложната функција на МедијаВики за поставување на една иста содржина во повеќе документи без да треба да се уредуваат засебно. Превметнување на предлошки е чест начин на употреба на предложни пораки, и се применува со помош на предложна ознака од следниов облик:
Понекогаш се јавува потреба од користење на предлошка, но од извесни причини не е пожелно превметнување. Автоматското еднократно копирање на код/текст на предлошката до местото на предложната ознака се нарекува замена на предлошки (анг. subclusion, од substitution + transclusion). За замена на код/текст на една предлошка, треба да се измени предложната ознака од нејзиниот стандарден облик како ознака за превметнување во облик на ознака за замена, и сето тоа просто со додавање на
Како работи превметнувањетоЗа да превметнете било која изворна страница (во рамките на еден проект на МедијаВики, како да речеме mk:Википедија), ставете го следниов код во целната страница:
Секаде кајшто се прикажува целната страница A со овој код, погонот ќе го вклучи на тоа место не самиот код, туку сета содржина на изворната страница B, НЕКОЈАСТРАНИЦА. На пример, можеби сакате да поставите страница за добредојде на Страницата за разговор на секој новодојденец. Превметнувањето прави „жива“ врска помеѓу предложната страница и целната страница/ци на која треба да се појави пораката. Кога ќе се уреди предлошката, сите целни страници исто така биваат уредени. На пример, создавате (предложна) страница во Википедија со вашата домашна адреса и потоа таа предлошка ја вклучувате не само во вашата страница, туку и на страниците на сите ваши пријатели. Подоцна, откако сте се преселиле во друга куќа, ја подновувате предлошкатата со адреса и новата адреса автоматски ќе се појави на страниците на сите ваши пријатели.
Делумно превметнувањеКористејќи ги ознаките „noinclude“, „onlyinclude“ и „includeonly“, може да се превметне дел од страница наместо целата. Ова може да се постигне и со превметнување од други страници како потстраници. Напати се јавува потреба да не се превметнат некои информации, како на пр. предложна документација. За пример за примена на оваа техника со цел да се упрости создавањето на статии за резимирање, погледајте ја оваа ревизија на статијата „Pathology“, која се состои од збир превметнати воведни параграфи од неколку главни статии.
ОзнакиПостојат три пара ознаки што може да се користат во викитекст за контрола врз начинот на кој превметнувањето делува врз елементите на една предлошка или статија. Со нив се одредува дали викитекстот ќе се прикаже, во своја статија („тука“), или во друга статија кајшто ќе биде превметнат („таму“).
Постојат неколку такви елементи на оддели. Тие исто така може да се вгнездуваат. Изводливи се сите можни прикази. На пример, за приказ таму еден или повеќе оддели од страницата тука користат ознаки <onlyinclude>. За да ставите дополнување на текст тука, додатокот означете го со <includeonly> над, во или под одделот. За да изоставите делови од одделот, вгнездете ги во него ознаките <noinclude>. Како потсетник, ставете го изразот in transclusion помеѓу двата збора за да добиете „noInTransclusionInclude“, „includeInTransclusionOnly“ и „onlyInTransclusionInclude“. За пример, погледајте: викитекстот на нишката од викивести.
ПотстранициТекстот за превметнување во потстраница може да се прекопира, а потоа да се употреби називот на потстраницата во предлошката на превметнувањето. Овој приод важи само за потстраници на страниците од видот Корисник, разговор и Википедија. Засега потстраниците не можат да се создаваат од главни страници на статии. Пример: сакате да го продискутирате бришењето и пренасочувањето на Титов Велес во Велес. Прво создавате потстраница Разговор:Титов Велес/Ајде да го избришеме Титов Велес!, таму го пишувате вашиот коментар, па потоа ја превметнувате во Разговор:Титов Велес и во Разговор:Велес користејќи ја предлошката {{Разговор:Титов Велес/Ајде да го избришеме Титов Велес!}}. Коментарите на било која од двете страници ќе се прикажуваат на обете. Специјални странициИзвесни страници на Специјални:СпецијалниСтраници можат да се превметнуваат, како на пр. Специјални:СитеСтраници, Специјални:ИндексНаПрефикси, Специјални:НовиСлики, Специјални:НовиСтраници, Специјални:СкорешниПромени и Специјални:ПоврзаниПромени. Примери:
Освен Специјални:ПоврзаниПромени, косата црта и зборот/бројот по неа може да се изостави, и со тоа да се добие список на страници без конкретна појдовна точка, или пак список со големина зададена по основно. Страници поврзани со превметнување на МедијаВикиПредлошкиПоврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia