Википедија:Проект:На денешен денОваа страница се однесува на проектот насловен како На денешен ден, а има за цел дефиниција на проектот, опис на начинот на функционирање, учесници во проектот, документација на проектот. Во дефинирањето и реализацијата на овој проект добредојдено е учеството на сите членови на заедницата. Историја на проектотСпоред историјата на страниците поврзани со проектот На денешен ден, може да се претпостави дека истиот започнува со предложно додавање на статии за денови, месеци и години, започнувајќи некаде од Јуни 2005. И тоа предлошки од следниов вид: Предлошки за денови
Предлошки за месеци
Предлошки за години
Сегашна состојбаВо моментов од страна на википедија уредувачите се врши пополнување на вака предложно определените статии за денови, месеци и години. Предлошките се добро осмислени, постои навигација помеѓу деновите, месеците, годините и сл. Но поради слабата активност на уредувачите овие статии до сега се делумно пополнети. Причината зошто уредувачите не се активни може да лежи и во непознавањето на постоењето на овие статии и како тие податоци можат да се искористат. Предности
Слабости
Предлог за измениИмајќи ги во предвид слабостите на постојниот систем и слабата пополнетост на веќе предложно создадени статии, се започнува овој проект кој има за цел да го стартува овој проект, да предложи измени на постоечката состојба, да ги анимира уредувачите да дадат свој допринос во пополнувањето на википедија со овој тип на содржини, да им овозможи на корисниците на изданието на википедија на македонски јазик можност за користење на овие содржини. Напоредно со редизајнот на главната страница, кој се совпадна со надминувањето на бројката од 10.000 статии, се воведува и автоматско создавање на оддел на главната страница со содржини од типот на денешен ден. Постоечките податоци, започнувајчи од 25/26 јуни па до 31 јули за секој ден се преработени и генерирани се нови потстатии за секоја статија од типот ден месец, во следниве поттипови:
Голем допринос во пополнувањето на новокреираните подстатии даде Виктор Јованоски обработувајќи го месец Јули. Misos изработи една помошна процедура/скрипта која, по неколкуте модификации направени од Брест, на потенцијалните уредувачи може да им биде од доста голема помош при уредувањето на статиите. Може слободно да се користи од сите заинтересирани. Идејата е да се внесе година и форматиран викитекст а скриптата назад враќа комплетна статија која треба само да се копира во соодветната статија на Википедија. Главната страница автоматски ги повикуваа овие подстатии и ги прикажува за секој ден посебно. Според првичните истражување надвор од википедија проектот, посериозна база на податоци за овој тип на содржини може да се најде на веб страницата на телевизија А1. По слободна пороценка базата на податоци на википедија има сериозни шанси да прерасна во број еден база на податоци за овој тип на содржини на македонски јазик, како по квантитет на содржинити така и по квалитетот на содржините кој ќе го понуди. Вметнување на илустрацииПостоечките статии од типот ден месец се преработени така што сега само се повикуваат соодветните подстатии. Како пример за добро уредување на овие статии може да се погледне статијата 1 јули, каде од левата и десната страна има вметнато и соодветни илустрации за соодветните настани. На овој начин би се добиле квалитетни статии, за кои би постоел зголемен интерес да се прегледуваат и надополнуваат.
Дефинирање на нови поттиповиПокрај воспоставените поттипови: настани, родени, починале, и празници, може да се користат и други поттипови доколку за тоа се укаже потреба, при што потребно е секој нов поттип претходно да се предложи на оваа страница за проектот за да може и другите учесници во проектот да бидат запознаено со новиот поттип. Дефинирање на изводи од странициБидејќи бројот на настани за еден ден може да биде голем и непогоден за објавување автоматски на главната страница, потребно е да се креира соодветна страница (извод), каде ќе се извлечат поважните настани на тој ден погодни за објавување на главната страница. Насловот на оваа страница извод би бил од типот 13 јули (главна страница). Од причини на архивирање на објавените содржини на главната содржина, можно е изводите да се именуваат и со додавање на година за кои се однесуваат, пример 13 јули (главна страница 2007), наместо 13 јули (главна страница). Предлошката {{Шаблон:Главна страница / на денешен ден}}, треба да се доработи со цел да ги опфати и ваквиите случаи. Учесници во проектот
Учесниците можат да додадат предлошка дека се учесници во проектот.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia