Уредувачки натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“
од 10 февруари до 9 март 2025 година
Уредувачки натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“ — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Хемиски елементи и изотопи“.
Натпреварот почнува на 10 февруари 2025 г. во 00:00 ч. и завршува на 9 март 2025 г. во 23:59 ч. по македонско време.
Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).
Главна тема на натпреварот се хемиските елементи и нивните изотопи, и сите статии поврзани со нив ќе бидат признаени и бодувани. Може да се уредуваат и постоечки статии каде бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал, како и севкупното средување на постоечката статија.
Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.
Статиите ќе ги прегледува Оценувачкиот одбор, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.
Членовите на Оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.
Член на Оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.
Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.
Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на Оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.
Евиденција
Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди. Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.
- --Lili Arsova (разговор) 17:23, 10 февруари 2025 (CET)[одговори]
- --Тиверополник (разговор) 22:54, 10 февруари 2025 (CET)[одговори]
- --Adouuuuu (разговор) 18:49, 13 февруари 2025 (CET)[одговори]
- -- XavieraMars (разговор) 22:24, 18 февруари 2025 (CET)[одговори]
- -- P.Nedelkovski (разговор) 21:48, 19 февруари 2025 (CET)[одговори]
- --LILI RKIM (разговор) 16:28, 27 февруари 2025 (CET)[одговори]
- --gorandonevski (разговор) 12:06, 28 февруари 2025 (CET)[одговори]
- --Kalan Wiki2 (разговор) 17:27, 2 март 2025 (CET)[одговори]
- --Doni12345 (разговор) 09:55, 5 март 2025 (CET)[одговори]
Членови на Оценувачкиот одбор
- Kiril Simeonovski (О1)
- Ehrlich91 (О2)
- Инокентиј (О3)
- Станете член на Оценувачкиот одбор за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.
Материјали за користење
За хемиските елементи и изотопи можете да ги користите следните категории на Википедија на англиски јазик:
Награди
Наградите за овој ќе бидат вредносни купони. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Одбраните корисници на наградите ќе бидат контактирани како да си ги подигнат наградите.
На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на Оценувачкиот одбор
Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на Оценувачкиот одбор
Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.
Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор.
Посебно изненадување: Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 300 статии.
I награда
Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.
II награда
Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.
III награда
Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.
Награда за најдобра статија
Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.
Награда за најдобар нов учесник
Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.
Резултати
Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на Оценувачкиот одбор. Во случај на еднаков број бодови, критериум за рангирање е висината на просечната оценка на најдобро оценетата статија на учесникот.
- Награда за најдобра статија
- Награда за најдобар нов учесник
- Посебно изненадување
- Изненадувањето не е доделено.
|