Википедија:Фотографска соработка Македонија-Јапонија
Фотографска соработка Македонија-Јапонија — фотографска соработка на македонските викимедијанци од Споделено знаење и јапонски поединци од корисничката група „Викимедиин азиски месец“, која имала за цел промовирање на културното и природното богатство на Јапонија преку организирање изложби на слободни фотографии достапни на Ризницата. Во склоп на соработката биле приредени и уредувачки потфат во насока на подобрување на содржините за Јапонија на Википедија на македонски јазик. ПодготовкиОдбирањето на фотографиите кои ќе ја претставуваат Јапонија беше сторено од страна на јапонски поединци викимедијанци, на чело со Такаши Ота, од корисничката група „Викимедиин азиски месец“ во април 2021. Подготовката на јапонскиот текст беше помогната од надворешното лице Џозеф Корам во август 2021. ИзложбаЈапонија низ фотографии: Запознајте ја ЈапонијаВо периодот од 22-29 ноември 2021 година, во просториите на заедничката галерија на Кинотека на Македонија и Детски ликовен центар во Скопје, била одржана изложба на 30 фотографии кои го прикажуваат природното и културното наследство на Јапонија. Преглед на фотографиите коишто биле изложени е направен во продолжение.
ГалеријаНа 22 ноември 2021 година, како резултат на соработката помеѓу Споделено Знаење и јапонската викимедиска заедница, свечено била отворена изложбата на фотографии насловена „Јапонија низ фотографии - Запознај ја Јапонија“. Пред околу 25 присутни, биле одржани кратки воведни говори за значењето на Википедија, соработката помеѓу македонската и јапонската викимедиска заедница и претставувањето на геополитичката анализа за развојот на односите и соработката помеѓу Македонија и Јапонија, по што присутните имале можност да ги погледнат 30 слики од културата, кујната, природата, историјата, регијата и градбите во Јапонија. Уредувачки маратонНа 23 ноември 2021 година е одржан уредувачки маратон на тема „Јапонија“ во просториите на МладиХаб во Скопје со почеток од 14:00 часот.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia