Виктор Б. ШеќероскиВиктор Б. Шеќероски — македонски поет. Роден е на 24 септември 1942 година во Радожда, Струшко. Се школувал во Јабука и Белград. Завршил Факултет за организациони науки во Белград. Член на ДПМ од 1998 година. Долги години бил директор на издавачките куќи „Графос“ и „Југограф“ од Белград. Директор е на „Македонскиот информативен – издавачки центар” во Србија. Шеќеровски пишува на македонски и на српски јазик. Автор е многубројни книги поезија, литературна критика и есеи, а превел и многу книги од македонски на српски јазик и обратно. Член е на Здружението на писателите на Србија и Друштвото на писателите на Македонија. Живее и работи во Белград. Добитник е и на голем број награди и признанија – Иселеничка грамота 2008 година на Матицата на иселениците на Република Македонија и на многубројни награди во Србија, Македонија, Бугарија и др. Во 2018 година ја добил наградата „Книжевна далга“.[1] Негова сопруга е поетесата Душица Илин. Книжевно творештво
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia