Виктор Коваленко (фудбалер)
Виктор Викторович Коваленко (украински: Віктор Вікторович Коваленко; роден на 14 февруари 1996 година во Херсон) — украински фудбалер, играч од средниот ред на Шахтар Донецк и на украинската репрезентација. Клупска кариераКоваленко е производ на младинскиот систем на Шахтар Донецк.[1] Тој го направил своето деби во Украинската Премиер лига за Шахтар во натпреварот против Ворскла Полтава на 28 февруари 2015 година.[2] На 9 мај 2015 година, тој забележал две асистенции за петтиот и шестиот гол на Шахтар во победата со 7-3 над Говерла Ужгород. Репрезентативна кариераКоваленко бил повикан во украинската репрезентација под 20 години да игра на Светското првенство под 20 години 2015 во Нов Зеланд. Тој постигнал два гола во победата со 6-0 над Мјанмар[3] и додал хет-трик против САД во победата со 3-0 во Окленд, квалификувајќи ја својата репрезентација во осминафиналето.[4] Тој бил најдобар стрелец на турнирот со 5 постигнати гола. Во јуни 2016 Коваленко се нашол на списокот со репрезентативци на селекторот на сениорската репрезентација Михајло Фоменко за Европското првенство 2016 во Франција. Тој ги одиграл сите три натпревари на Украина во групата Ц, но неговата репрезентација го завршила настапот уште во групната фаза доживувајќи три порази. Титули
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia