Вик (клисура)
Вик или Викос (грчки: Φαράγγι του Βίκου) — длабока клисура во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Тимфи и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[1] Името потекнува од словенскиот поим вик, што се однесува на одекот што се слуша кога некој вика.[2] Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.[3] Клисурата се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Вик-Војуша во областа Загори. Започнува меѓу селата Горно Маало, маало на блиското село Везица (Вица), денес Монодрендри[4] и Кукули, и завршува во близина на селото Високо (Вицико, Викос).[5] Низ клисурата тече Водоматица, една од притоките на реката Војуша. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia