Вилдпретова волчја опашка
![]() Вилдпретова волчја опашка (науч. Echium wildpretii) — двегодишно растение кое достигнува до 3 м во височина. Видот е ендемски на островот Тенерифе, и вирее главно во клисурите на планината Теиде. Растението се нарекува и кула од драги камења, црвена волчја опашка, тенерифска волчја опашка или теидска волчја опашка.[1] На шпански растението се нарекува „тахинасте“ (tajinaste). РаспространетостРастението може да се најде во субалпскиот појас, во клисурите на планината Теиде. Бара многу сонце и вирее во суви и пусти предели, но трпи мраз сè до температура од -15 °C. ОписОва двегодишно растение во првата година дава густа розета од листови, а во втората исправено соцветие со височина од 1-3 м. ПроцутРастението на Тенерифе цути од доцна пролет до раниот период од летото. УпотребаРастението се одгледува во градините за украс, но не трпи ниски температури. Како и другите волчји опашки, ова растение е ценето во пчеларството бидејќи дава многу нектар и полен. Поврзано
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia