Вилстер
Вилстер (германски: Wilster) — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Вилстермарш, иако самиот град не е член на заедницата. ИсторијаВилстер ги добил градските права во 1282 година и со тоа се вбројува помеѓу најстарите градови во покраината Шлезвиг-Холштајн. Вилстер е средиште на Вилстермарш, голема област за одгледување на говеда во Германија. Од 1 јули 2005 година, градската администрација и администрацијата на општинската заедница Вилстермарш се споени и работат заедно. ЗнаменитостиСтарото Градско собрание изградено во 1585 година е помеѓу најдобро зачуваните ренесансни градби во Шлезвиг-Холштајн. Исто така, црквата Св. Бартоломеј во барокен стил, изградена од Ернст Георг Зонин помеѓу 1775 и 1781 година и новото Градско собрание изградено во 1786 година се вредни споменици. Луѓе
Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia