Вил Кларк (велосипедист)
Вилијам Кларк (германски: William Clarke; р. 11 април 1985) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1] Тој не е поврзан со сонародникот и поранешниот колега Сајмон Кларк. Вилијам Кларк има поврзаност со австралискиот политичар и стопанственик Вилијам Џон Тарнер Кларк. КариераКларк се родил, пораснат и престојува на неговата семејна фарма во близина на Кемпбел Таун на островот Тасманија, Австралија. Кларк возел како стажант со Аг2р-Ла Мондијал во 2010 година во Светската турнеја, додека имал договор со Џенезис Велт Адвајзерс (2008–2010) во Океанската турнеја.[2] Во 2011 година потпишал договор со Леопард Трек,[3] пред да ја помине сезоната со Чемпион Систем во 2012 година,[4] и со Аргос-Шимано во 2013 година.[5] Кларк, потоа, се придружил на Драпак Профешанл Сајклинг за сезоната 2014,[6] негова петта различна екипа во пет сезони. По три сезони со Драпак Профешанл Сајклинг, Кларк се вратил во Светската турнеја со Канондејл-Драпак, возејќи со нив до крајот на 2018 година. Потпишал со Трек-Сегафредо,[1] за сезоните 2019 и 2020, враќајќи се во екипата за која настапувал во 2011 година. Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[7] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia