Виолета Чакарова
Виолета Чакарова (р. 1961, Прилеп) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. ЖивотописПред своето вработување во Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп како професионална глумица во 1984 година, таа работела две години како глумец-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно повеќе од 70 главни и епизодни улоги на матична сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година. Во 1990 година на МТФ „Војдан Чернодрински“, таа ја добила наградата за млада глумица за своето остварување во претставата „Големиот брилијантен валцер“ во режија на Стојан Стојаноски. Од својата театрографија, истакнувачки се соработките во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во „Буре барут“ во режија на Наташа Поплавска, Бисера во „Духот на слободата“, Кате во „Разбуди се Кате“ (режисер Благоја Дамески), „Маките на Живоин“ во режија на Ацо Алексов, итн. Филмографија
Награди
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia