Випфратал
Випфратал (германски: Wipfratal) — поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Арнштат. Општината се наоѓала помеѓу трите големи градови во округот: Арнштат на север, Илменау на југ и Штатилм на исток. Била основана во 1994 година и опфаќала дванаесет единици, од кои Марлисхаузен била најголема. Сепак, седиштето на општинската управа била во селото Бранхевинда. Надлежна општина била окружниот град Арнштат. Општината била именувана по реката Випфра, на која се наоѓале седум од дванаесетте единици. ГеографијаОпштината се наоѓала помеѓу Тириншката Котлина на север и Тириншката Шума на југ на височина од 319 метри. Соседни општиниОпштината се граничела со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Алкерслебен, Беслебен-Вилерслебен, Штатилм, Илменау, Плауе, Арнштат и Дорнхајм. Општински единициОпштината била составена од следниве единици:
ГалеријаВо сите места постојат селски цркви.
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia