Висмарски Залив![]() Висмарски Залив (германски: Wismarbucht)[1] — добро заштитен повеќеделен залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија, и се смета за дел од многу поголемиот Мекленбуршки Залив. Висмарскиот Залив се смета за едно од најдобрите природни пристаништа[2] на Балтикот и служел како одредиште за голем дел од поморската трговија до околу 1910-тите кога неговите минимални длабочини од 5 метри станале преплитки за поголемите и посовремените бродови. Постојат четири дела на Висмарскиот Залив, кои и самите се заливи на неговите јужни брегови, секој меѓу себе разделен на север со ’рт и широк канал кој поминува од северозапад кон југоисток паралелно на линијата создадена ’ртовите на заливите. Во заливот се наоѓаат следниве помали заливи: Болтенхагенски Залив, Воленбершки Залив, Егерски Залив и внатрешниот залив. Каналот, помеѓу островот Пел и копното се смета исто така за дел од заливот. Главни пристаништа околу Висмарскиот Залив се: Висмар, 30 километри северно од главниот град на покраината, Шверин.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia