Висорамнина![]() Висорамнина или плато [1] — рамнина или благо брановидна област на повисоки места, обично над 200 м.[2] Најголеми висорамнини во Македонија се Витачево, Мариово и Пелагонија, од кои за типична се смета само Витачево. НастанокНастанокот на висорамнините може да се должи на повеќе геотектонски процеси, including надигање на вулканска магма, избивање на лава и ерозија од вода и ледници. Магмата надоаѓа во обвивката и го надига карпестото тло, со што големите рамни површини се издигаат во височина. Висорамнината може да настане и од лавата што излегува и се шири од пукнатините во кората. Друг начин на образување е по пат на ерозија во планинските венци предизвикана од ледници. Водата исто така може да предизвика ерозија на планините, зарамнувајќи ги. Видови висорамниниВисорамнините се делат според нивното окружување. Постојат следниве видови:
Најголеми висорамнини во светотНајголема и највисока висорамнина во светот е Тибетската Висорамнина, наречена „покривот на светот“. Зафаќа површина од 2.500.000 км2 и има просечна надморска височина од 5000 м. Втора по големина е Деосај во покраината Гилгит-Балтистан, Пакистан. Има просечна висина од 4.114 м. На трето место се наоѓа Поларната Висорамнина (Антарктичка Висорамнина), што го опфаќа најголемиот дел од средиштето на Антарктикот. Тука нема планини, туку само огромни купишта мраз од по 3000 м. Најголема во Европа е висорамнината Хардангервида во Норвешка. Најголема висорамнина во Северна Америка, Колорадо, со површина од 337.000 км2. Колорадо, Јута, Аризона и Ново Мексико.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia