Виштерица
Виштерица (бугарски: Вищерица) — река во Банско и Грменско, Пиринска Македонија, десна притока на Канина од сливот на Места. Долга е 24 км. Ги одводнува најсеверозападните делови на Доспат Планина во Западните Родопи.[1] Реката извира на надморска височина од 1.586 м, 1,7 км северозападно од врвот Каракаја (1.761 м) на Доспат Планина (Дабраш) во Западните Родопи. Тече во правец југ-југоисток, во релативно плитка и силно пошумена долина. Завршува како десна притока на реката Канина во месноста Гатера (1.151 м.н.в.), 9 км североисточно од с. Ковачевица. Во устието Виштерица има речиси исто количество вода колку и главната река.[1] Сливот зафаќа површина од 80 км2, што претставува 34,19 % од вкупниот слив на Канина.[1] Главни притоки се Каратичка Река (лева) и Елушка Река (десна).[1] По течението на реката нема населени места. Во горното течение, покрај мало езерце, е сместено шумарското место „Виштерица“.[1] Дел од водите на Виштерица се насочуваат кон горното течение на реката Доспат и кон вештачкото езеро Доспат со помош на 7 водозафатни постројки и тунел под планината Доспат.[1] КартаПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia