ги извршува законите и другите општи акти на Народното собрание
донесува одлуки и други општи акти за имплементација на законите
предложува закони на Народното собрание и други општи акти и дава мислење кога нив ги поднесуваат други предложувачи
ја насочува и хармонизира работата на органите на државната управа и врши надзор над нивната работа
врши и други работи утврдени со Уставот и законот
Покрај тоа, Владата е одговорна кон Народното собрание за политиката на Република Србија, за примената на законите и другите општи акти на Народното собрание и за работата на органите на државната управа.
Владата на Ана Брнабиќ е тековното свикување на Владата на Република Србија, избрано на 29. јуни 2017 г.
Таа е втора влада која ја избра Единаесеттото свикување на Народното собрание на Република Србија. За кабинетот на Ана Брнабиќ се изјаснија вкупно 212 пратеници - "за" гласале 157 пратеници, а 55 биле "против".
Моменталната Влада на Република Србија е 15-та по ред од обновувањето на повеќепартискиот систем во Србија.
Состав
Владата на Република Србија моментално има осумнаесет министерства и три министри без ресор. По предлог на кандидатите за Претседател на Владата, Народното собрание на Република Србија го одредува бројот на потпретседателите на Владата, на министрите и на министрите без ресор.