Владимир Грбиќ
Владимир "Вања" Грбиќ (српски:Владимир Грбић Вања); роден на 14 декември 1970 година) е поранешен српски одбојкар. Со висина од 193 см, тој играл на позицијата како страничен додавач-напаѓач. Грбиќ е роден во Клек во СР Србија, СФР Југославија. Тој е брат на Никола Грбиќ брат и член на Одбојкарската куќа на славните. Со националниот одбојкарски тим на СР Југославија, тој го освоил златениот медал на Летните олиписки игри во Сиднеј и бронзениот медал на Летните олиписки игри во 1996 година во Атланта. Неговите меѓународни победи вклучуваат сребрен медал во 1998 година на Светското Првенство и златен медал во 2001 година на Европското првенство. Југословенскиот Олимписки Комитет го прогласил Грбиќ за најдобар спортист на годината во 1996 и 2000 година,[1] додека во 1999 и 2000 година ја добил Златната Значка, награда за најдобар спортист во Југославија. ЗанимливостиНа финалниот натпревар на Олимписките игри во Сиднеј, во кој Југославија ја победила Русија со 3:0, без сомневање бил виден еден од најспектакуларните бодови во историјата на одбојката, а го извеол Владимир Грбиќ. Спасувајќи една топка буквално го прескокнал првиот ред на трибината, а потоа успеал да стигне и да го изблокира противничкиот смеч.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia