Владимир Цветковиќ
Владимир Цветковиќ (српски: Владимир Цветковић, 24 мај 1941) е поранешен српски и југословенски кошаркар и спортски функционер. Клупска кариераЦветковиќ настапувал за KK Црвена Ѕвезда во текот на 13 сезони при што двапати бил првак на СФРЈ, а еднаш го освоил националниот куп. Настапи за репрезентацијатаЦветковиќ бил член на југословенската репрезентација која го освоила својот прв олимписки медал на Олимписките игри во Мексико, во 1968 година.[1] Во полуфиналето, СФРЈ играла против репрезентацијата на СССР, а Цветковиќ дал пресуден придонес за победата на својата екипа. Имено, на седум секунди пред крајот, при резултат 61:61 за СФРЈ, тој погодил две слободни фрлања, зголемувајќи го водството на 63:61, а меѓу двете фрлања го бакнал свадбениот прстен за среќа. На крајот, натпреварот завршил со резултат 63:62 и така југословенската репрезентација се пласирала во олимпиското финале, каде изгубила од репрезентацијата на САД со резултат 50:65. Покрај овој успех, со југословенската репрезентација, Цветковиќ ги освоил и сребрен медал на светските првенства во 1963 и 1967 година, како и сребрен медал на европското првенство во 1969 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia