Влахина Река
Влахина Река или Влахинска Река (бугарски: Влахина Река, Влахина река); до 14 јули 1988 г. Кркиица (Къркийца)[1] — река во Кресненско, Пиринска Македонија, лева притока на Струма. Долга е 27 км и одводнува делови од западните падини на Пирин. Реката извира од северозападниот агол на највисокото (2.302 м.н.в.) и најголемото од Влахините Езера на Пирин, сместени во истиоиениот цирк, југозападно од Вихрен (Елтепе). Најпрвин тече низ длабока ледничка долина, заобиколувајќи го од исток, север и запад пиринскиот срт Гредаро, па продолжува на југозапад во мошне пошумено подрачје. Откако ќе сврти на запад близу маалото Дракулово на с. Влахи, долината станува пуста и силно еродирана. Се влева во Струма како нејзина лева притока, на 180 м.н.в., некои 300 м североисточно од градот Кресна. Сливот на Влахина Река зафаќа 108 км2, што сочинува 0,62 % од сливното подрачје на Струма. Главни притоки: → лева, ← десна
Се напојува главно дожд и стопен снег. Полноводност достигнува во мај, а најслабоводна е во август. Средниот годишен истек во устието изнесува 1,69 м3/с, а во периодот на топење на снегот количеството на вода знае да биде десетратно поголем (највисок забележан истек е 14,6 м3/с. Средниот наклон на реката изнесува 81 ‰. По течението на реката в Општина Кресна е сместено само селото Влахи, по кое е наречена самата река. Дел од водите на Влахина Река во горното течение се користат за водоснабдување на Кресна и неколку села во околината. Извори
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia