Воислав Шешељ
Воислав Шешељ (11 октомври 1954 во Сараево) — српски политичар, правник, и писател. Тој е основач и претседател на крајно десничарската Српска радикална партија (СРП) од нејзиното формирање во 1991. Бил пратеник во српското собрание повеќе од десет години и четири пати се кандидирал за претседател на Србија. Во периодот 1996–1998 бил претседател на советот на општина Земун, а во периодот 1998–2000 бил вицепремиер на српската влада. Шешељ своеволно се предал на Хашкиот трибунал во февруари 2003 за судење против обвинувањата за злосторства против човештвото и прекршување на правилата на војување за време на војната во Југославија, но неговото судење почнало дури во ноември 2007.[1] Судскиот процес бил контроверзен: Шешељ штрајкувал со глад еден месец поради тоа што судот го одбил неговото барање да се брани без адвокат, потоа ги навредувал судиите и обвинителите за време на рочиштата, го откривал идентитетот на некои од заштитените сведоци, а не повикал ниту еден сведок да сведочи во негова одбрана. По речиси 11 години минати во затворот во Шевенинген тој во ноември 2014 бил пуштен на слобода поради нарушеното здравје и се вратил во Србија.[2] Судот во март 2016 донел ослободителна пресуда во негово отсуство.[3] Шешељ себеси и поддржувачите на својата партија ги опишува како „шовинисти кои мразат Хрвати“.[4] Паравоената формација „Бели орли“ која била обвинета за воени злосторства против Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина била поврзана со партијата на Шешељ. Шешељ го поддржувал Слободан Милошевиќ во раните 1990-ти, а во 1998 станал вицепремиер во „владата на национално единство“ која учествувала во Косовската војна. Шешељ се залагал „голема Србија“, држава која би ја опфаќала целата територија на СФР Југославија без Словенија и северните делови од Хрватска. Тој има напишано околу 200 книги кои го содржат неговите политички размислувања и интервјуа. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia