Волкојанево
Волкојанево или Волкојаново[2] (грчки: Λύκοι, Лики, до 1926 г. Βουλκογιάννοβον, Волкојановон[3]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 65 жители (2011). Географија и местоположбаСелото се наоѓа 7 км северозападно од градот Воден, на падините на планината Ниџе. ИсторијаОсманлиско времеНа крајот на XIX век Волкојанево било чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 г. се вели дека во 1873 г. во Волкојаново (Volcoyanovo) има 36 куќи со вкупно 204 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година в селото живеят 300 жители Македонци.[4][6] Во овој период селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Волкојанево (Volkoyanovo) има 264 Македонци[4] и работи бугарско училиште.[7] Потпаѓање под грчка властСо Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава. Во 1924 г.[8] Дел од македонското население се иселува и на негово место се населени Грци бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Лики.[9] Во 1928 г. Волкојанево е заведено како село со 228 жители[8] и мешано население. Од овие, 96 жители (23 семејства) биле грчки доселеници-бегалци.[10] Во 1940 г. селото имало 217 жители, што се должи на иселување на некои од дојдените бегалци[8] Во Граѓанската војнаЗа време на Втората светска војна селото го окупираат Бугарите и основаат своја општина.[11] За време на Граѓанската војна, селото било иселено, а многу од неговите македонски жители активно учествувале во НОФ и ДАГ.[8] По војната, дел од раселените семејства се вратиле и селото обило обновено. Во подоцнежниот период, Волкојанево бележи намалување на населението поради иселување на извесни семејства во Воден.[8] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Почеп и Самар. СтопанствоГлавна стопанска гранка во селото е сточарството, но развиено е и земјоделството, особено одгледувањето на цреши.[8] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia