Волфов број![]() Волфов број — мерка што го мери бројот на сончевите дамки или групи на дамки присутни на површината на Сонцето. Идејата за пресметување на бројот на сончеви дамки потекнува од Рудолф Волф во 1848[1] година во Цирих, Швајцарија, и на тој начин постапката која тој ја воведува го носи неговото име. Со комбинирање на поединечни дамки и групи од дамки се надополнува променливоста во набљудувањата поради ситните сончеви дамки. Вредностите за овој број се собирани и табелирани од научниците повеќе од 150 години. Од овие податоци тие заклучиле дека активноста на Сонцето т.е. бројот на сончевите дамки е цикличен и го додтигнува својот максимум на секои 9,5 до 11 години (забелешка: со употреба ан податоците од SIDC за последните 300 години 300 и со употреба на ДФТ функција на податоците се добива просечен максимум од 10,4883 години/циклус).[2] Овој циклус првпат е забележан од Хајнрих Швабе во 1843 година. Релативниот број на сончеви дамки се пресметува со користење на равенството (изразен како дневен показател за сончевата активност): каде:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia