Вонградска куќа

Лонглит во Вилтшир, Англија

Вонградска куќа (англиски: country house, букв. куќа на село) — однесува на голема куќа (дом) Британија и Ирска која е изградена на земјоделски посед на село како приватна резиденција на земјопоседникот. Речиси сите вакви куќи во Британија и Ирска биле изградени пред 1914.

Дефинирање на вонградска куќа

Вонградската куќа некогаш била средиштето на земјоделскиот посед кој бил доволно голем за да му овозможи на сопственикот доволен приход за да може да влезе во аристократијата или благородништвото. Во XIX век и пред тоа ова значело дека поседот треба да биде поголем од 1000 акри (4 км²). Некои великопоседници (но само малкумина) поседувале имот повеќе од сто пати поголем од овој минимум, и оваа нееднаквост во рамките на владеачката класа се отсликувала во опсегот на куќите.

Оваа куќа може да е изградена градена во било кој архитектонски стил. Секоја имала најмалку 25 соби и најмалку 740 м² внатрешна површина, вклучувајќи ги и собите за послугата. Постојат разни имиња кои се употребувале кај разни куќи, како „куќа“ (house), „хала“ (hall), „замок“ (castle), „парк“ (park), „дворец“ (palace) , „двор“ (court), „опатија“ (abbey), „приорат“ (priory) или „чифлик“ (grange), и ова често ни кажува нешто за историјата на куќата, особено ако истата датира пред 1800. Од друга страна, името може да било цеосно измислено од сопственикот, особено ако куќата била изградена по 1800. На пример, многу вонградски куќи кои се наречени „замок“ никогаш не служеле никаква воена улога.

Вонградските куќи имаат големи терени со градина близу куќата и поголем парк по градината во кој живеат животни, но кој исто така има естетска и рекреациона улога. Многу од најубавите градини во Британија се градини во склоп на вонградски куќи.

Ваквите куќи обично стојат барем неколку стотини метри раздалечени од други куќи, но може да бидат и блиску до средиштето на некое село, па дури и близу средиштето на некое гратче. (Што поголема е населбата, тоа поголема треба да биде куќата за да може да се смета за „вонградска куќа“—Алнвишкиот замок е пример за многу голема куќа која се наоѓа во гратче, но генерално се смета за вонградска куќа.)

Од друга страна, некои големи куќи во Британија кои биле изградени на рурални локации сега се опкружени со населби. Меѓутоа овие сѐ уште се сметаат за вонградски куќи во некои контексти, особено од историчарите на архитектурата. Сионскиот парк во лондонските населби е еден ваков пример.

Во Британија „вонградска куќа“ не е едноставно куќа во рурално место. Изразот се употребува само за куќи кои се доволно големи за да бидат сметани за резиденции. Постојат неколку типа на помали куќи кои се наоѓаат често по британската рурала, но кои не се „вонградски куќи“ во таа смисла. Тие можат да бидат куќа на фармакуќи на фарма, куќички, парохии, хмелски сушилници и преправени амбари; секој кој поседува една од ваквите куќи и ја нарекува мојата „вонградска куќа“ е сметан за екстремно претенциозен човек во Британија.

Поимот достоинственички дом (stately home) е тесноповрзан со поимот „вонградска куќа“, но нема баш исто значење. Овој израз кој историчарите на архитектурата и сопствениците на куќите го претпочитаат. Од друга страна, изразот „достоинственички дом“ често се користи по медиумите, од туристичките оператори и од јавноста. Кога некој го употребува изразот „достоинственички дом“, истиот веројатно мисли на некои 10 % од најголемите најграндиозните вонградски куќи, особено на оние кои се отворени за јавноста. За употребата на поимот „достоинственички дом“ се зборува поподробно во посебна статија. Во оваа статија се употребува поимот „вонградска куќа“.

Кој и зошто ги изградил куќите

Историчарот на архитектурата Марк Жироар вели со својата книга Животот во англиската вонградска куќа (Life in the English Country House), дека вонградските куќи во основа биле „погони“ изградени за да ја подобрат можноста на сопствениците да влијаат врз локалната и националната политика. Некои од овие велики куќи, како Кедлстонската хала и Холкамската хала, биле изградени да импресионираат и да го доминираат пејзажот. Исто така треба да се спомене дела не сите кои граделе вонградски куќи се интересирале за политика, дури и во неформална смисла. Како и да е, вонградските куќи често служеле како места за среќавање на владеачката класа за дискутирање, на пример, на изборни кампањи. Исто така многу сопственици на вонградски куќи и членовите на нивните семејства служеле како претседатели на судови и мировни судии, и локалните судови биле сместени во вонградските куќи дури и во XIX век; овој обичај е остаток од средновековните достојнички судови. Членовите на аристократијата и благородништвото кои поседувале вонградски куќи продолжиле, но сѐ помалку, да држат високи позиции долго во XX век. Лордот Карингтон бил веројатно последниот од ваквите аристократи.

Во XIX век, политичката моќ на земјопоседничката класа почнала полека да опаѓа со Големиор реформски закон од 1832, и новата класа на индустријалци полека почнала да го надминува богатството на аристократијата и благородништвото. Многу од иве луѓе купиле или изградиле вонградски куќи и претходно виталната врска со земјопоседништвото почнала да се губи. Некои вонградски куќи од доцниот 19-ти и раниот XX век, како Крегсајд, никоаш не биле издржувани од земјоделски посед.

Архитектонската историја на вонградската куќа

Следниве наслови претставуваат група индикација за периоите во архитектонската историја на вонградската куќа: стиловите не доаѓале и не си оделе во одредени години, а многу поедини куќи еволуирале низ многу векови.

Првите вонградски куќи: пред 1500

Бадесли Клинтон

Тудорскиот и јакобинскиот период: 1500–1630

Распуштање на манастирите

Многу вонградски куќи во Британија биле всушност преправени црковни имоти на големите опатии и приорати по рапсуштањето на манастирите по указ на Хенри VIII.

Повеќе информации:

Чудесни куќи

Формалната куќа:1630–1720

Прв паладијански период

Повеќе информации:-

Барокната вонградска куќа

Барокниот стил дошол во Анgлија ц. 1680. Додека Сер Кристофер Рен и неговите современици биле повлијаени од барокната архитектура од Европа, првата барокна куќа во Англија вила Чатсвортската куќа од архитектот Ричард Талман за Војводата од Девоншир, изградена през 1690-тите. Овој стил бил набргу развиен од архитекти како Сер Џон Ванбру во стилот наречен Англиски или барок или силот на Кралицата Ана. Веројатно најпознатата барокна куќа во Англија е Бленхајмскиот дворец, завршен во раните 1720-ти. Меѓутоа, највистинскиот пример за барокот во Англија е првата значителна куќа на Ванбру, Хавардскиот замок, започнат во 1699. Барокот никогаш не станал вистински популарен во Англија и во средината на 1720-тите истиот речиси целосно е заменет од движењето за Паладијанска возобнова.

Други англиски барокни куќи:-

Треба да се напомене дека през овој период, многу помалу вонградски куќи продолжиле да се градат во полудомашни стилови со само минимално барокно влијание.

Класичниот идеал: 1730–1790

XVIII век бил период во кој академскиот интерес за архитектурата меѓу владеачките класи бил во својот цут. ВО првите дваесет години од тој век доминирал барокниот стил, но набргу проследиле други големи движења.

Паладијанската вонградска куќа (втор период)

Повеќе информации:-

Неокласичната вонградска куќа

Повеќе информации:-

Готската обнова и еклектицизмот во 19 век

Вон Англија

Велшката вонградска куќа се разликувала од англиската само по ситни нешта, но шкотската, ирската и континенталната европска вонградска куќа се разликувале многу повеќе.

Шкотската вонградска куќа

Ирската вонградска куќа

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya