Во дачата
Во дачата — расказ од Антон Павлович Чехов. Чехов во напишал расказот во 1886 година, а првпат бил објавен во списанието „Будилник“, 1886 година, бр. 20 од 25 мај, и потпишан од А. Чехонте. ИзданијаРасказот на А.П.Чехов „Во дачата“ бил напишан во 1886 година, а првпат бил објавен во 1886 година во списанието „Будилник“ бр. 20 од 25 мај со потпис А. Чехонте. Расказот бил објавен и во 1899 година на годишнината на списанието Будилник. Чехов бил незадоволен од објавувањето на расказот во јубилејниот број на „Будилник“, бидејќи не му бил испратен на коректура. За време на животот на Чехов, расказот била преведен на фински и чешки. СодржинаДејството на расказот се одвива во дача. Павел Иванич Виходцев е на одмор со семјството. Еден ден добил писмо со текст: „Те сакам. Ти си мојот живот, среќата е сè! Извини за признанието, но немам сила повеќе да трпам и да молчам. Не барам заемност, туку сожалување. Бидете вечерва во осум часот навечер во стариот павилјон... Сметам дека е излишно да се потпишам со моето име, но не плаши се од анонимноста. Млада сум, убава... што сакаш друго?“ Павел Иванович Виходцев, откако го добил писмото, не можел да разбере кој би можел да го напише, долго време се двоумел дали да оди на состанокот или не. Но сепак решил да отиде. Неговата сопруга почнала да го прашува што е причината за неговата замисленост и каде ќе оди. Виходцев одговорил дека решил да прошета. Влегувајќи во павилјонот, во кој требало да се оствари средбата, го нашол братот на неговата сопруга, студентот Митја, кој живеел во неговата дача. Двајцата се убедуваат другиот да го напушти павилјонот, но попусто, никој не сакал да отстапи. Одеднаш, женско лице со напрчен нос погледнало во павилјонот, се намуртила и исчезнала. И двајцата решиле дека тоа е авторот на писмото - се скарале и си заминале. На вечерата, Павел Иванович и Митја молчеле, но тогаш сопругата на Павел признала дека таа го напишала писмото за да ги избрка сите од куќата и да го измие подот без некој да ѝ смета. Оваа изјава ги помирила соперниците. Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia