Во чест на Каталонија
Во чест на Каталонија (Homage to Catalonia) е политички роман на Џорџ Орвел. Романот е личен запис за неговото лично искуство и видувања за Шпанската граѓанска војна и Орвеловото активно учество во милицијата на Работничката партија на марксистичко обединување (POUM), која пак била дел од републиканската армија. Оваа војна е еден од клучните настани кои го дефинираат неговиот политички поглед и имала големо влијание врз неговите дела.[1] Првото издание било објавено во Велика Британија во 1938 година. Оваа книга не била издадена во САД сè до февруари 1952, кога била објавенаа со влијателниот предговор на Лајонел Трилинг. За време на животот на Орвел, книгата била преведена само на италијански, во декември 1948.[2] Денес, книгата е преведена на голем број светски јазици, меѓу кои и на македонски. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia