Временски задоцнувања во монетарната политикаВременските задоцнувања во монетарната политика (англиски: time lags in monetary policy) го претставуваат одложеното дејство на мерките на монетарната политика, односно времето кое поминува од моментот кога централната банка ќе преземе акција до моментот кога нејзиите мерки ќе се одразат врз економијата. Овие задцнувања претставуваат сериозно ограничување кое ја намалува делотворноста на монетарната политика во нејзиите напори да ја стабилизира економската активност. Видови временски задоцнувањаПостојат неколку видови на временско задоцнување, како што се:
Овде станува збор за времето кое е потребно за да се распознае одредена појава и да се даде точна дијагноза за економскиот циклус. Ова задоцнување се јавува и поради тоа што статистичарите ги даваат економските показатели по определен временски период. На овој временски “јаз” влијаат повеќе фактори како што се: ненавременото објавување на податоци, тешкотиите на распознавање на појавата поради самата нејзина природа и слично. Колку е побрза способноста за распознавање на одредена појава, толку и ова задоцнување ќе биде пократко, и обратно. Бидејќи економијата е нормативна категорија, често се даваат и спротивни мислења за природата на одредена појава, што самото по себе придонесува да се проширува овој дел од временско задоцнување.[1]
Откако ќе се распознае одредена појава, поминува определено време додека да се преземе акција. Овој временски период што поминува откако ќе се распознае одредена економска појава, до преземањето мерки за нејзино елиминирање или пак поддржување во литературата е познат под името “Action lag”. Различното мислење на економистите кои решаваат за дејствувањето на монетарната политика придонесува за пролонгирање на времето за да се одлучи какви инструменти на монетарната политика да се употребат. Времето потребно за преземање акција зависи од низа фактори, како што се: природата на процесот на донесување одлуки, дали одлуката ја донесува само еден орган или таа треба да помине низ повеќе тела, колку тие се сложни меѓу себе, долгите административни процедури околу донесувањето на одлуката итн.[1]
Под „Impact lag“ се подразбира времето потребно одредена преземена акција да се почувствува таму каде што е упатена, односно [1] временското растојание што се појавува меѓу преземената акција и нејзиното стварно влијание. Исто така, посебна специфичност кај ова временско заостанување е што не се ефектира целото влијание на одредена акција во еден момент, туку тоа влијание е дистрибуирано временски, односно акцијата на централната банка влијае и во следните квартали, семестри или години. Ова задоцнување е временски дистрибуирано: на почетокот ефектите на монетарната политика се мали, потоа постепено се зголемуваат и кумулираат, подоцна постепено се намалуваат и, на крајот, тие се губат. Причини за појава на временско задоцнувањеЗадоцнетите ефекти на монетарната политика произлегуваат од самиот трансмисионен механизам на монетарната политика. Имено, потребно е одредено време за каматните стапки да реагираат на мерките на монетарната политика, потоа агрегатната побарувачка да реагира на каматните стапки, и најпосле цените да реагират на агрегатната побарувачка. Ваквото задоцнето реагирање на одделните променливи на акциите на централната банка се должи на постоењето на одредени фрикции во економската структура:[1]
Емпириски истражувањаБројните емпириски истражувања потврдуваат дека монетарната политика влијае врз номиналните и реалните променливи со одредено задоцнување, кое се разликува од земја до земја или од период до период. Првото мерење на задоцнетите ефекти потекнува од Ирвинг Фишер, кој утврдил дека во САД, во првите две децении на XX век, просечното задоцнување од промената на монетарната политика до промената на цените изнесувало 1,75 месеци.[2]. Милтон Фридман[3] утврдил дека во големите западни економии, интервалот од промената на монетарниот растеж до промената на инфлацијата, во просек, изнесува две години. И денес се смета дека во развиените економии, акциите на монетарната политика влијаат врз цените со просечно задоцнување од 20-24 месеци.[4][5], додека во земјите во развој временските задоцнувања најчесто се движат од шест месеци до една година.[6][7][8][9]. Последици од временските задоцнувањаПостоењето долги и променливи задоцнувања во ефектите на монетарната политика е традиционалниот монетаристички аргумент против употребата на активната монетарна политика која само ја дестабилизира економијата [10]. Денес, мнозинството економисти го прифаќаат овој аргумент како целосно оправдан. Имено, заради тоа што ефектите од монетарните акции се временски дистрибуирани, значително се усложнува водењето на монетарната политика. Така, доколку централната банка одговори на рецесијата со монетарна експанзија, ефектите од таквата политика можат да дојдат до израз подоцна кога, под дејство на самокорективниот механизам, економијата навлегува во фазата на експанзија и на тој начин монетарната политика само ќе ја засили инфлацијата т.е. самата политика ќе се јави во улога на дестабилизатор на економијата. Оттука, заради тоа што ефектите од акциите на монетарната политика доаѓаат до израз со задоцнување, централната банка мора да делува предвреме, пред јасно да се манифестираат инфлаторните притисоци. Според тоа, монетарната политика мора да биде свртена кон иднината (forward-looking) и да реагира превентивно на секој најмал знак за евентуални инфлаторни тенденции.[11][12][13] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia