Вселенски собор
Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат догми (кои имаат доктринска содржина) и канони (кои имаат дисциплинска содржина). Сите одлуки се задолжително, но само доколку претходно биле прифатени од сите сестрински цркви. Често, како замена за Совет или Собор се користи и зборот Синод, иако неговото значење има повеќе локален (месен) отколку светски (екуменски) карактер. Список на одржани вселенски собори
Во Новиот завет, во Дела Апостолски се спомнува Ерусалимскиот Собор, на кој се расправало за тензијата помеѓу континуираното одржување на еврејските правила во ранохристијанскиот период. Иако сите неговите одлуки се целосно прифатени од сите христијански Цркви и се потврдуваат на секој следен Собор, овој Собор не се вбројува во овој список. Осми и Деветти Собор на некои Православни црквиОвие два собора се признаени од Католичката црква, од кои само првиот како Вселенски. Поголемиот број Православни цркви ги сметаат за доста важни локални Собори, но нивниот екуменски-вселенски карактер се оспорува. Сепак, одлуките донесени на овие два Собора се почитуваат од страна на сите Православни цркви.
На овој Собор се случило судењето на цариградскиот Патријарх св.Фотиј; уште повеќе, на овој Собор се продлабочиле разликите помеѓу западните и источните Христијани. Исто така, било објавено и учењето за трихотомија.
На овој Собор се потврдиле теолошките учења на св.Георгиј Палама, а се отфрлиле учењата на про-западниот Барлаам од Калабрија.
Собори на Католичката цркваРимокатолиците ги признаваат првите осум вселенски собори, и на тие додаваат уште тринаесет Римокатолички вселенски собори после Големиот раскол: 9. Првиот собор од Латеран (1123). Прифаќање на СоборитеПравославната Црква ги признава само првите Седум вселенски собори. Некои Православни Цркви ги прифаќаат и Осмиот и Деветтиот како вселенски (Патријаршиите на Цариград, Ерусалим и Антиохија). Римокатолиците ги признаваат првите осум вселенски собори, и на тие додаваат уште тринаесет Римокатолички вселенски собори после Големиот раскол. Англиканците и протестантите ги признаваат првите Седум вселенски собори, но со доза на резерва. Ориенталното православие ги прифаќа само првите три вселенски собори, Асирската Црква само Првиот и Вториот вселенски собор, додека Мормоните и другите цркви кои не ја прифаќаат Догмата за Пресветото Тројство не признаваат ниту еден Вселеснки собор. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia