Втора грчка република
Втората република била прогласена на 25 март 1924 година,[2] како последица на поразот на Грција во Грчко-турска војна (1919-1922), за кој била обвинувана ројалистичката влада. За време на нејзиното кратко постоење, Втората република се покажала за нестабилна. Грчкото општество и понатаму останало поделено, како и по Националниот раскол, помеѓу прорепубликанските Венизелисти и монархистите претставени од Народната партија, кои одбивале дури и да ја признаат легитимноста на Републиката. Расколот во општеството се проширил и на културни и општествени прашања, како разликите за употребата на грчкиот јазик до архитектонските стилови. На оваа поларизација било додадено и дестабилизирачкото вклучување на војската во политиката кое резултирала со неколку удари и обиди за државен удар. Економијата била во пропаст после една декада на војување како и неможноста да бидат поддржани 1.5 милион бегалци кои пристигнале со размената на население со Турција. И покрај напорите на реформистичката влада на Елефтериос Венизелос во 1928–1932, Големата депресија имала катастрофално влијание врз грчката економија. Победата на Народната партија во 1933, и двата неуспешни државни удари од страна на Венизелистите, го отвориле патот за повторно стапување на власт на кралот Георги II. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia