Втората фудбалска лига на Македонија 2019/2020 - 28. издание на Втората фудбалска лига на Македонија. Сезоната започнала на 24 август 2019, а завршила на 8 март 2020. Првично, било пранирано оваа сезона да биде последната сезона со по десет екипи, бидејќи од следната сезона било во план да се одржат Лигите Исток и Запад со по осум екипи.[1]
Поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[2] На 26 мај, Федерацијата одлучила дека Првенството воопшто нема да се продолжи.[3][4] Три дена подоцна, Федерацијата одлучила дека првите моментално пласирани екипи од лигите, Пелистер и Беласица, ќе бидат унапредени.[5][6]
Updated to match(es) played on 8 март 2020. Source: MacedonianFootball.com, Soccerway Rules for classification: 1) Бодови; 2) Бодови од меѓусебните двобои; 3) Гол разлика од меѓусебните двобои; 4) Гол во гости од меѓусебните двобои. (P) Promoted
Местоположба според коло
Табелата ги покажува позициите на екипите по секое завршено коло.
1 Поради реновирање на теренот на Стадионот во Штип,[7] Брегалница 2008 одиграла еден натпревар на Градскиот стадион Пехчево (7. коло).[8]
2 Првакот од Третата лига - Југоисток 2018/19, Дојранско Езеро, го откажал учеството во Втората лига - Исток за следната сезона. Следната екипа со можно право за унапредување, Тиверија, исто така ја одбила поканата за Втората лига. И седмо пласираниот исфрлен второлигаш од минатата сезона - Детонит Јуниор, ја одбил поканата и со тоа да се врати во второлигашкото друштво. Само Каменица Саса ја прифатила поканата и се вратила во Лигата откако била отпадната според пласманот.[9][10]
3 Поради реновирање на теренот на Стадионот во Кавадарци,[11] Тиквеш 1930 Кавадарци одиграл еден натпревар на Стадионот Зоран Паунов во Велес (15. коло).[12]
Updated to match(es) played on 7 март 2020. Source: MacedonianFootball.com, Soccerway Rules for classification: 1) Бодови; 2) Бодови од меѓусебните двобои; 3) Гол разлика од меѓусебните двобои; 4) Гол во гости од меѓусебните двобои.[14] (P) Promoted; (R) Relegated
Местоположба според коло
Табелата ги покажува позициите на екипите по секое завршено коло.
На 2 јули 2020 година, Федерацијата одлучила моменталните екипи на првите места во Третата лига да играат бараж за унапредување помеѓу себе (трите западни екипи во групен бараж, а двете источни екипи во бараж со еден натпревар), за да се добијат двете екипи кои ќе бидат унапредени.[15][16] Но поради заразувања на неколку фудбалери со COVID-19, баражите биле откажани.[17][18] Потоа, преку ждрепка, на 17 јули биле избрани Велешта за во Западот, и двете екипи конкуренти од Истокот - Росоман 83 и Слога 1934 поради откажувањето на Питу Гули.[13]
Белешки
1. a : Според првичниот натпреварувачки план, првите пласирани екипи од двете лиги требале директно да се пласираат во Првата лига, а второпласираните екипи требале да играат бараж за унапредување помеѓу себе, тој победник потоа против осмопласираната екипа од Првата лига. Последните четири од Истокот и Западот, вкупно осум, требале да испаднат.