Второ Христово пришествие![]() Второ Христово пришествие или Парусија (грчки: [Δευτέρα] Παρουσία — [второ] доаѓање, пристигнување, присуство) — во христијанската религија ја означува идејата за враќањето на Исус Христос на земјата на крајот од човечката историја и доаѓањето на Божјото Царство. Второто пришествие често се поврзува и со Страшниот (последниот) суд.[1][2] Библијата не наведува конкретен ден на кој ќе се случи Второто пришествие, но дава јасни знаци и настани што му претходат. Целта на Второто пришествие е да се воспостави Царството Божјо на земјата и да нема повеќе болка, тага и глад. Во БиблијатаВо Стариот заветНекои од пророштвата во Стариот завет за „Денот Господов“ (Денот на Јехова) во христијанската традиција исто така се поврзуваат со Второто пришествие.
Во Новиот заветТемата за Второто Христово пришествие е застапена низ многу пророштва во Новиот завет. И самиот Исус Христос повеќепати зборува за Своето второ пришествие (Мт. 16:27; 24:27; 25:31; Мк. 8:38; Лк. 12:40), а за тоа сведочат и апостолите (1. Јн. 2:28; 1. Кор. 4:5; 1. Сол. 5:2–6), па така тоа било општо уверување на Црквата во сите времиња и влезено е речиси во сите древни симболи на верата. Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia