Вук Јеремиќ
Вук Јеремиќ (3 јули 1975, Белград) – српски политичар и дипломат. Бил претседател на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации (2012—2013) и министер за надворешни работи на Србија (2007—2012). Бил основач и претседател на Народната партија и Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој. ЖивотописПотеклоРодители на Вук Јеремиќ се Сена и Михајло Јеремиќ, поранешен директор на Југопетрол, родум од Чачак. Негови бабa и дедо по мајка се дипломатот Шериф Буљубашиќ и Садета Поздерац, директор на Втората белградска гимназија. Нејзин татко бил Нурија Поздерац, потпретседател на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Југославија, а нејзин дедо Мурат-ага Поздерац, еден од водачите на Цазинска Краина во време на османлиското владеење во БиХ.[1] ОбразованиеСредно образование завршил во Првата белградска гимназија каде психологија му предавал Борис Тадиќ. Дипломирал теориска и експериментална физика во 1998 година на Кембриџ. Мастер диплома во сферата на државна администрација и меѓународен развој (Master in Public Administration in International Development) стекнал во 2003 година на Харвард (Harvard Kennedy School). Политичка кариераВо политиката влегол како член на Демократската партија. Кога во 2004 година Борис Тадиќ станал претседател на Србија, Јеремиќ станал негов советник задолжен за надворешна политика. Министер за надворешни работиЗа министер за надворешни работи на Србија бил избран на 15 мај 2007 година со изборот на втората влада на Воислав Коштуница, а на истата функција останал и по изборот на владата на Мирко Цветковиќ, на 7 јули 2008 година. ![]() Претседател на Генералното собрание на ОНЗа претседател на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации бил избран на 8 јуни 2012 година. Од вкупно 190 држави колку што гласале, Јеремиќ добил 99 гласа, а неговиот противкандидат литванскиот пратеник Далиујус Чекуолис освоил 85 гласа. На должност стапи на 18 септември 2012 година. За време на претседателството на Јеремиќ со Генералното собрание на Обединетите, на Палестина, по 65 години, со резолуцијата 67/19 ѝ бил признат статусот на држава набљудувач во Обединетите нации. Била усвоена првата меѓународна Спогодба за трговија со оружје, првиот правно обврзувачки инструмент во историјата на Обединетите нации за воспоставување заеднички стандарди за меѓународен трансфер на конвенционално оружје.[2] Кандидат за Генерален секретар на ОНВо 2016 година бил кандидат на Србија за Генерален секретар на Обединетите нации. На последното гласање го освоил второто место од вкупно 13 кандидати. Кандидатот Антонио Гутереш победил на овие избори.[3] Демократска партијаНа 14 февруари 2013 година, Извршниот одбор го исклучил Јеремиќ од Демократската партија заради непочитување на партиската десциплина, кршење на статутот на партијата и одлуката на Главниот одбор според кој поранешните министри биле обврзани да ѝ го вратат мандатот на партијата. Бившиот министер Душан Петровиќ по истата основа бил исклучен на 31 јануари 2013 година.[4] Заради оваа одлука Јеремиќ поднел тужба на Уставен суд и по одбивањето на истата ја напуштил ДП.[5][6] Претседателски избори и основа на партијаЈеремиќ учествувал на Претседателските избори во Србија во 2017 година како кандидат на групата граѓани „Мораме подобро“ (Морамо боље) и завршил на четврто место освојувајќи 206.676 гласа (5,66%).[7] На 22 октомври истата година, со група политичари и јавни личности ја основа Народната партија и бил избран за нејзин претседател.[8] ПриватноОженет е со Наташа Јеремиќ, новинарка и ТВ водителка. Од 2011 до 2015 година бил претседател на Тенискиот сојуз на Србија. Исто така Јеремиќ е претседател на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој.[9][10] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia