ГЕРБ–СДС
ГЕРБ–СДС — двопартиска политичка коалиција од Бугарија меѓу ГЕРБ и Унијата на демократски сили, предводена од Бојко Борисов. ИсторијаКоалицијата помеѓу двете партии била формирана пред изборите за пратеници од Бугарија во Европскиот парламент во 2019 година.[1] На 28 март 2019 година официјално бил потпишан договор меѓу двете страни.[2][3] На изборите, коалицијата го освои првото место и од 17 пратеници тие добиле 6 места: пет отидоа на ГЕРБ, еден на СДС.[4] Меѓупартиската соработка продолжила и пред парламентарните избори во април 2021 година . Коалицијата имала потпишано и договори за политичко партнерство со Ѓурѓовденското движење, Обединети аграри, Движењето за единство на народот и исто така Сојузот на репресирани од комунизмот „Памет“[5][6][7] Коалициските листа биле регистрирани во изборните единици во земјата на 1 март 2021 година.[8][9][10][11] На изборите коалицијата освоила 75 места од вкупно 240.[12] Најмногу места освоени од една група. Ѓурѓовденското движење влегле во коалиција пред неуспешните предвремените парламентарни избори во јули 2021 година.[13] Слоганот на коалицијата била „Ред сред хаосот“.[14] Како резултат на изборите, коалицијата добила 63 места во парламентот, губејќи од партијата Има таков народ, која добила 65 места.[15][16] Коалицијата исто така учествувала и на истовремените претседателски и парламентарни избори во 2021 година. Кандидатот на коалицијата бил политичарот Анастас Герџиков заврши на второто место во вториот круг од претседателските избори.[17][18][19] ГЕРБ–СДС станала најголемата партиска коалиција на парламентарните избори во 2022 година, а нејзиниот член Вежди Рашидов станал претседател на народното собрание.[20] Коалицијата, исто така, во парламентарните избори во 2023 година завршиле како најголемата партија. Членот на групата, Росен Жељазков, станал претседател на народното собрание по договор со втората по големина група ПП-ДБ. Парламентарни водачи
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia