Гварански јазик
Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански јазик — староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од службените јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гварански[2] Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик[3]. Гваранскиот е единствениот староседелски јазик кој го зборува голем дел нестароседелско население. Ова е несекојдневна ситуација во Америка бидејќи староседелските народи низ историјата престанувале да ги зборуваат своите јазици и започнувале да зборуваат на шпански. Терминот „гварански јазик“ најчесто се користи да се означи парагвајската верзија на јазикот, но важно е да се напомене дека јазикот сочинува поголем дијасистем. ПисмоСè до шпанската колонизација на Латинска Америка гваранскиот јазик не бил пишан јазик. Гваранскиот пишан стандарден јазик бил основан релативно скоро. Современата гваранска азбука се заснова на латиницата. Гваранскиот правопис е фонетски и вредноста на графемите е слична со таа на шпанскиот.
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia