Генерација Климатска Европа (ГКЕ) е коалиција на најголемите европски младински организации кои заеднички се залагаат за преземање на повеќе климатски акции и активности од страна на европските институции. [1][2]
Историја
Генерација Климатска Европа (ГКЕ) започнала во септември 2019 година. Основачки членови на ГКЕ се Меѓународната федерација на католички парохиски младински движења (FIMCAP), Европската унија на студенти (ESU), Млади и животна средина на Европа (YEE), Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (AEGEE) и Climates. Во меѓувреме, низа други големи младински организации се приклучија на коалицијата. [3] [4]
Основни побарувања
Генерација Климатска Европа е основана со цел да ги обедини гласовите и напорите на најголемите европски младински невладини организации, залагајќи се заедно кон преземање повеќе климатски акции од страна на европските институции. Коалицијата ги формулираше следниве основни барања: [5]
- Европскиот совет да прогласи климатска криза. Климатските активности треба да бидат интегрирани во политиките на ЕУ. Сите одлуки се претходно да се проценуваат за нивното влијание врз климата.
- Младите да бидат вклучени во процесите на донесување одлуки, како што е на пример процесот на изготвување на Европскиот зелен договор.
- ЕУ да ги зајакне своите Национално утврдени придонеси (NDC) пред 2020 година со цел да се усогласи со максималното зголемување од 1,5 ° С. ЕУ, исто така, треба веднаш да донесе долгорочна климатска стратегија за нула емисии на јаглерод диоксид, најдоцна на следниот Европски совет во октомври 2019 година.
- Субвенциите и новите проекти за фосилни горива да бидат веднаш прекинати. На ЕУ ѝ треба брза и сеопфатна транзиција кон исклучиво чиста обновлива енергија.
- Трошоците настанати со транзицијата кон поодржливо општество и економија на краток рок, треба да бидат распределени на социјално правичен начин. Оние кои можат најмногу да си дозволат треба најмногу да се посветат.
- Генерација Климатска Европа бара повеќе инвестиции и поголем фокус да се стави на обезбедување на одржливи мрежи на транспорт ширум Европа. Тековната инфраструктура ќе се модернизира со цел да се следи побарувачката за одржливо патување и да се намалат трошоците за транспорт. Треба повторно да се воведат ноќни возови и да се спроведе данок за употреба керозин.
- Поголем акцент да се стави на образованието како средство за зајакнување на младите и овозможување пристап на алатки за постигнување нула емисии на јаглерод диоксид и циркуларна економија.
Организациски членки
Име
|
Акроним
|
Статус
|
Меѓународна федерација на католички парохиски младински движења
|
FIMCAP
|
Членка-основач
|
Европска унија на студенти
|
ESU
|
Членка-основач
|
Млади и животна средина на Европа
|
YEE
|
Членка-основач
|
Клими
|
Climates
|
Членка-основач
|
Асоцијација на Европски Студентски Структури
|
AEGEE
|
Членка-основач
|
Меѓународни млади пријатели на природата
|
IYNF
|
Членка
|
Организирачко Биро за студентски унии на европски училишта
|
ОБЕССУ
|
Членка
|
Студентска мрежа Еразмус
|
ESN
|
Членка
|
[6]
Наводи