Геноцид на понтиските Грци![]() Геноцидот на понтијските Грци е еден од неколкуте геноциди извршени врз христијанското население на Османлиското Царство во Првата светска војна од страна на новата турска администрација и револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк (1914–1923). Други геноциди биле геноцидот на Ерменците и Асирците. Во периодот од 1916 до 1923 голем број грчки, ерменски и други христијани на Мала Азија биле измачувани и убивани. Официјалниот број на убиените понтиски Грци е 353.238.[1] Грција и Кипар го признаваат на геноцидот на Грците од Понт и го одбележуваат 19 мај како ден на сеќавање. Геноцидот го признаваат и Ерменија и државите на САД - Јужна Каролина, Њу Џерси, Флорида, Масачусетс, Пенсилванија, Илиноис и Њујорк. Австралиската држава Викторија како и Канада, Франција и Велика Британија имале дебати околу тоа во своите собранија, но немаат донесено официјална одлука. Турција уште и денес не ги признава ни грчкиот, ни ерменскиот ни асирскиот геноцид. Најголем дел од населението што се спасило пребегнало во Грција и СССР. Од околу 1.500.000 христијани што пребегнале во Грција, нешто повеќе од 500.000 се населиле во Егејска Македонија.[2] Белешки
Извори
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia