Георги Христов
Георги Стоев Христов (Јан Пирински) — роден на 17 мај 1931 година, во с. Јаново, Пиринскиот дел на Македонија[1], починал на 11 ноември 2021 во Благоевград, Бугарија. ЖивотописРаботел како работник, управник на одморалиште, службеник во Окружниот народен совет во Благоевград, учител по бугарски јазик и литература, окружен социјален инспектор и др.[1][2] Во 1992 година Георги Христов од својот брат Александар ја презема улогата на главен и одговорен уредник на весникот „Народна Волја“. Своите текстови ги потпишувал и со псевдонимот Јан Пирински.[3] АвторУште како ученик пишувал стихови, неговите дела се објавувани во тогашниот весник “Пиринско дело“. Ја има објавено и стихозбирката „Попатен изгрев“.[4] Еден од најобемните трудови кој ги има потпишано Јан Пирински, односно Георги Христов е делото „Гневот на правдата“ Архивирано на 27 јули 2021 г., во кое хронолошки се опишани повеќето настани кои влијаеле на правата на Македонците во Пиринска Македонија како и нивната борба за човекови права.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia