Гимнастика на Летните олимписки игри 2016 – прескок за жени
Гимнастичкото натпреварување во прескок за жени на Летните олимписки игри 2016 било одржано во ХСБЦ арената на 14 август 2016 година. Симоне Бајлс станала првата гимнастичарка по Лариса Латинина на Летните олимписки игри 1956 која освоила златни медали во екипен повеќебој, поединечен повеќебој и во прескок. Таа исто така е првата американска гимнастичарка со златен медал во прескок. Дипа Кармакар од Индија, влегла во историјата за својата држава како прва гимнастичарка која се пласирала во финале. КвалификацииГимнастичарките кои ќе се пласираат во најдобрите осум во квалификациите изборуваат место во финалето. Во случаите кога во најдобрите осум има повеќе од два гимнастичарки од една земја, последно пласираните меѓу нив не се квалифкуваат во финалето. Наместо нив, се квалификуваат следните најдобри гимнастичарки.
РезервиФинале
|
Portal di Ensiklopedia Dunia