Гина РањичиќГина Рањичиќ (1830 - 1891), според познатиот ромски научник, Хајнрих Влислоцки, била првата позната ромска поетеса. Таа се смета за пионер на ромската лирика во Србија.[1] БиографијаРодена во 1830 г. потекнува од српска ромска лоза. Нејзиното племе било осомничено за кражба и протерано од српските војници. Во тој момент, Гина се одвоила од племенските членови и на 12-годишна возраст, се преселила во Белград. За неа тогаш се грижел ерменскиот трговец од Константинопол, Јоаким Даленес, кој и обезбедил тригодишно образование кај приватен професор по германски јазик, Карл Берик.[2] Според Влислоцки, Гина Рањичиќ имала неколку животни партнери, од кои сите биле од неромска националност: Габриел Даленес (Ерменец), Грегор Корахон (Албанец), неименуван „мудар човек“ (од Србија) и Јакоб Хорнштајн (Евреин). Гина Рањичиќ во првата врска стапила на околу петнаесет или шеснаесет години, со Габриел Даленес (помладиот полубрат на Јоаким), кој бил многу постар од неа. Се зборува дека била среќна во тој брак, и дека во тоа време почнала да пишува песни. Тој брак ненадејно го прекинало појавувањето на Албанецот кого таа во своите песни го нарекува Шиптар, Грегор Корахон и наредбата на султанот да ги убие Ерменците, а Гина потоа заминува со него. Додека го истражувал овој случај, Светозар Јакобчиќ дошол до информација дека ерменскиот трговец Габриел Даленес бил убиен во 1851 година, а за тоа е осомничен „некој Албанец во бегство“. Врската со Корахон е обележана со страст, како и физичко насилство и нејзино продавање на друг маж. Во домот на еден Унгарец, Андреас Ковач, на кого Корахон ја продал три месеци, ја примил неименуван „мудар човек“ (како што таа го нарекува во нејзините песни) од Србија, од кого била предадена и напуштена. Гина рекла дека меѓу Албанците во тоа време било обичај да ја продаваат жената на друг маж пред да тргнат на пат. По две години врска со Грегор, таа тајно сакала да го напушти, но неговите роднини ја откриле намерата на Гина, по што тој ја прободел со кама во левиот образ. Гина имала лузна од таа рана до крајот на животот. Краток период живеела кај роднините, каде што ја држеле затворена и ја користеле за уценување на нејзините партнери. За конфликтот меѓу поетесата и Албанецот говори и тоа што откако дознала дека Грегор побегнал во Италија со млада Албанка, таа ги нападнала и ги молела Албанците на сред улица. Во тепачка, која самата ја иницирала, со еден удар од сабја и бил отсечен палецот на левата рака. Врската со Јакоб Хорнштајн била најдолга (шест години). Бидејќи Хорнштајн бил трговец, поетесата често патувала со него. Тие споделувале интерес за поезијата на германските поети, чии дела Хорнштајн ги имал во неговата голема библиотека, а овој однос бил обележан и со охрабрувањето на Хорнштајн за Гина да создава, или подобро кажано, да преведува поезија. Проблемот во нивната врска произлегол од сомнежот на Хорнштајн дека Гина го изневерува со Питер Кандалидис, како и обидот за самоубиство на Гина. Врската завршила со смртта на Хорнштајн во 1866 година. Таа поминала три месеци во затвор поради обвинувањата на неговите сестри. Со парите од тестаментот, Гина отишла во Париз поради впечатокот што и оставиле приказните на Хорнштајн за тој град, но по две години од локалните власти била депортирана во Србија. Гина никогаш немала деца, а според Влислоцки, не ни сакала деца.[3] Последните 20 години од животот ги поминала во номадски начин на живот со своите роднини. Умрела во голема сиромаштија на 17 мај 1891 година.[4] Била погребана во необележан гроб некаде во Славонија. По нејзината смрт, роднините заработиле со продавање на нејзините тетратки. ДелоЕтнологот и романолог, Хајнрих Влислоцки, се сретнал со Гина Рањичиќ во Славонија, тогаш дел одАвстроунгарија. Влислоцки изјавил дека Гина Рањичиќ зборувала за својот живот на ромски, српски и германски. Таа му напоменала дека пишувала и турски, ерменски и албански песни. Научила неколку јазици додека живеела во различни делови на Отоманското царство. Кога првпат ја запознал поетесата, таа имала 3 тетратки со околу 250 ромски песни. На барање на Хорнштајн, Гина Рањичиќ превела песна од германскиот поет Аугуст Платен на ромски јазик. Следниве се наведени како читатели на поезијата/делата на Гина Рањичиќ:
Во својата книга „Родови идентитети во литературата на ромските автори во поранешна Југославија“, Хедина Сијерчиќ го осврнува делото на Гина Рањичиќ во контекст на мајката на ромската литература со интерсекционален пристап.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia