Гинтерслебен-Вехмар
Гинтерслебен-Вехмар (германски: Günthersleben-Wechmar) — општина во сојузната покраина Тирингија, во округот Гота. Селото Вехмар е познато како дом на семејството Бах на музичари и композитори. ГеографијаЕден од главните автопати А4 поминува во близина на општината. Неговата близина до блискиот административен центар на округот Гота ја прави општината лесно достапна и придонесува за развој на двете села, Гинтерслебен и Вехмар. ИсторијаНајстариот документ во кој се споменуваат двете села е brevarium lulli, список на поседите на опатијата Херсфелд. Во овој документ од 786, тие се именувани како Wehemare и Gonresleibin. До крајот на средниот век не се случиле позначајни историски настани во селото. Меѓутоа, во периодот 1590 и 1600 во Вехмар се населил Фајт Бах, кој се смета за татко на музичката фамилија Бах. Најпозната личност во целото семејство е Јохан Себастијан Бах, кој бил праправнук на Фајт Бах и чиј дедо Кристоф Бах изразнал во Вехмар пред да го заземе местото на градски музичар во Ерфурт. Засновано на овие факти, селото Вехмар гордо се нарекува „Дом на татковците на музичкото семејство Бах“ (Urväterheimat der Musikerfamilie Bach). ЗнаменитостиГрадбите поврзани со семејството Бах се главни знаменитости, вклучувајќи ја куќата на Фајт Бах и мелницата, во која работело семејството. Други позначајни знаменитости се:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia