Глава (инструмент)
За други значења на поимот, погл. Глава (појаснување).
![]() Главата е дел од гитара или некој сличен жичен инструмент. Главната функција на една глава е да ги држи жиците на инструментот. Жиците одат од кобилицата, преку вратот и вообичаено се фиксирани на штимерите на главата. Штимерите се користат за штимање на гитарата со подесување на затегнатоста на жиците, и последователно, висината на звукот кого го произведуваат. Детали за конструкцијатаДва традиционални распореди на штимерите се наречени „3+3“ (3 горни штимери и 3 долни) и „6 во линија“ штимери, иако постојат многу други комбинации, особено за бас гитари и гитари кои не се шестжичени. Кога не постојат штимери (на пример, штимерите не се потребни или се сместени на друго место, на пример, на телото на гитарата), главата на гитарата може целосно да е изоставена, како во гитарите Steinberger или на некои модели на чапманов стик. ![]() Главата може да биде изработена одделно и залепена за вратот користејќи некој тип на зглобови. Постојат два големи трендови во конструкцијата на глави, засновани на тоа колку далеку заминува шицата по минувањето на крајот на вратот. Поволностите и неповолностите на двата тренда се многу дискутабилни и сујбективни, па затоа се користат овие две варијанти:
и VII,[8]Gibson X-plorer,[9]и некои винтажни гитари,[10] Washburn,[11] повеќето буџетски Epiphone реплики на моделите на Гибсон[12]
Лутиерите од двата стила често како предности ги наведуваат подобриот звук, подолгиот сустејн и подолгото време коешто жиците остануваат наштимани. Кршливата конструкција се наведува како недостаток на секој стил исто така: вратовите од еден дел се поподложни на кршење на случаен удар и се потешки за поправка, додека пак залепените вратови може да се скршат со тек на времето. Покрај нејзината главна функција, главата е важен декоративен детал на една гитара. Тоа е местото каде што огромното мнозинство од производителите на гитари го цртаат своето лого. Некои гитари без штимери (на пример, оние опремени со Floyd Rose Speedloader) имаат глава чисто поради декоративни причини. Заштитни контури на глави![]() Сите поголеми производители на гитари имаат заштитни глави кои ги прават нивните гитари или гитарски серии лесно препознатливи. Непишан етички закон на гитарска индустрија го дозволува копирањето на дизајни на целото тело, но ниту една голема фирма не ги копира дизајните на главите. Како што се гледа во подолниот дел, дури „копираните“ на прв поглед имаат јасно видливи разлики во димензиите, пропорциите на елементите и слично, па така скоро секогаш е возможно да се погоди името на производителот само од изгледот на главата. Глави во Fender форма, 6 во линија
Класични 3+3 глави
Остри глави, 6 во линија
![]()
|
Portal di Ensiklopedia Dunia