Гласомер
ГЛАСОМЕР е онлајн алатка за едукација и мерење на претпочитувањата на гласачите во врска со понудите на политичките опции на парламентарните избори 2011 г. во Република Македонија. Гласомер функционира на тој начин што граѓаните одговараат на 54 прашања во долгата верзија, односно 31 прашање во кратката верзија, поделени во 8 области, со цел да го проверат нивото на согласување на своите ставови со ставовите на политичките партии во Македонија. Експертската група која работеше на изборот на најважните области, на изборот на најважните прашања од тие области, се одлучи на 8 области, кои ги опфаќаат општествените, социјалните, економските и другите апекти:
Одговарањето на прашањата, граѓаните го вршат на ист начин како и политичките партии кои се вклучени во апликацијата Гласомер, одговарајќи на еден од понудените 4 одговори:
РезултатиРезултатот кој ќе го добие корисникот по пополнување на прашалникот е процентот на совпаѓање со политичките партии во Македонија. Покрај овој резултат, понудена е и табела во која се прикажани точниот број на совпаѓања на одговорите на корисникот со одговорите на партијата, поделени во две категории:
Постојат и понапредни резултати кои на корисниците им овозможуваат да погледнат:
Политички спектар![]() Како надополнување на Гласомер, во 2013 година е создаден „Политичкиот спектар“, тест кој овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини.
Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност. Причината зошто е избран овој начин на утврдување на политичките ориентации е поради тоа што и кај левицата и кај десницата постојат слободарски и авторитарни политички ориентации. По одговарањето на сите прашања на тестот, ќе можете да видите во кој идеолошки сегмент припаѓате, во сегментот на слободарската левица, во авторитарната левица, во авторитарната десница или во слободарската десница. Секој од понудените одговори носи одредени бодови кои ја придвижуваат точката на генералната идеолошка ориентација налево или надесно, односно нагоре или надолу по оските. Сите прашања не носат ист број бодови, туку посуштинските носат повеќе, а помалку суштинските помалку бодови. Не е предвиден одговор „не знам“, бидејќи многу често луѓето инклинираат да одговорат со „не знам“ од едноставна причина што тоа им е најлесна опција која им стои на располагање кога се соочуваат со ситуација да дадат одговор на прашање за кое претходно немаат размислено и формирано став. Бидејќи опцијата на одговор „не знам“ не е понудена, поединците ќе бидат поттикнати да размислат и да одберат опција според своите преференции. Точката на својата генерална идеолошка ориентација лицата кои се тестираат ќе можат да ја видат по одговарањето на сите прашања на тестот. Политичкиот спектар е направен врз основа на Политичкиот компас. При тоа, направен е обид како за подобрување на релевантноста на прашањата, така и за нивно прилагодување на приликите и спецификите на Република Македонија. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia