Глас (фонетика)За други значења на поимот, погл. Глас (појаснување).
Во рамките на фонетиката, глас (наречен и фон) значи:
Фонетската симболика се запишува во [квадратни] загради. Поделба на гласовиГласовите во македонскиот јазик се делат на:
Самогласките се: а, е, и, о, у, но понекогаш се користи и сонант р. Се изговараат со поширокото отворена уста, за разлика од согласките и тие ја вршат слоговната функција во јазикот. Р, има функција на самогласка, ако:
Согласки се гласови при чие изговарање воздухот во усната празнина наидува на помали или поголеми пречки при изговорот. Во македонскиот литературен јазик има 26 согласки. Поделба на согласки 1. Според начин на образување
2. Според место на образување
3. Според звучност
Гласовни промениЕдначење по звучностЕдна од најкарактеристичните појави во македонскиот јазик е гласовната промена едначење по звучност. Таа се случува при допир на две согласки со различна звучност. Кога во зборот ќе се најдат две согласки една до друга различни по звучност тие се изедначуваат — или двете стануваат звучни или двете безвучни. Тоа зависи од звучноста на втората согласка. звучна + безвучна = две безвучни б + безвучна = п, г + безвучна = к, д + безвучна = т, итн. На пр.: близ + ка = блиска, пред + пријатие = претпријатие, од + скокне = отскокне безвучна + звучна = две звучни п + звучна = б, к + звучна = г, т + звучна = д, итн. На пр.: сват + ба = свадба, гос + ба = гозба, с + града = зграда Едначењето по звучност се бележи и кога зборовите се претставкираат, односно кога претставката завршува со звучна согласка, а зборот започнува со безвучна. На пример: зад + скрие = затскрие над + превар = натпревар под + свест = потсвест пред + чувство = претчувство без + куќник = бескуќник из + чезне = исчезне Овие претставки кога ќе се најдат пред зборови со исти согласки може или да се удвојат (оддава, раззелени, оттука, поттикне) или поради сраснатоста во зборот, едната да исчезне (одамна, бесмислен, бесмртен, исели, исече, расели, расече, расони). Во неколку случаи едначењето по звучност не се одбележува:
На пр.: овца, вторник, мравка, бевте, читавте, Славка;
На пр.: судски, градски, охридски; производствен, следствено; судство, производство, соседство итн. Не се одбележува едначењето на „д“ и пред множинската наставка -ци: предок — предци; крадец — крадци; очевидци, ороводци итн. Исто така, не се одбележува едначењето на „д“ пред членската морфема -та: заповедта, жедта, исповедта.
На пр.: надежта, скрбта, зобта.
Обезвучување на согласкиОбезвучување на согласки е кога на крајот на зборот звучната согласка преминува во безвучна и тука настанала говорна промена. На пр.
Редување на согласки и самогласкиРедување (замена) на согласки и самогласки е промена во коренот на зборот или во наставката при изведување нови зборови од ист корен или промена на форма на зборовите.
Испуштање на самогласкиИспуштање на самогласки настанува при промена на форма по род, број и член еднина -> множина
машки род -> женски род
нечленувана форма -> членувана форма
Испуштање на согласки
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia