Глеѓта (лат.substantia adamantina s. enamelum) претставува надворешната обвивка на коронката на забот, таа го заштитува дентинот од влијанијата во усната празнина[1]
. Изградена е од органска матрица (од 4% до 8%) и кристали на хидроксиапатит (од 92% до 96%). Од нив 12% ѝ припаѓаат на водата. Дебелината на глеѓта варира и најтенка е во пределот на вратот на забот, каде преоѓа во цемент кој го покрива коренот на забот, а најдебела е на џвакалните површини (кај преткатниците и катниците) и секалните рабови кај предните заби. Тоа е најцрвстата супстанција во човековото тело.
Неправилности во структутата на глеѓта
Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и глеѓта.
Тие настануваат во времето на создавањето на глеѓта, кога врз процесот на создавање на органска матрица, минерализација и созревањето на глеѓта делуваат негативни фактори.
Постојат неколку фактори кои условуваат појава на структурни аномалии на глеѓта:
Општи фактори
Локални фактори
Наследување
Интоксикација и
Непознати причини
Неправилност предизвикана од дејството на општите фактори се нарекува хипоплазија на глеѓта.
Неправилност предизвикана од дејството на локални фактори се нарекува Тарнерова хипоплазија.
Неправилност предизвикана од дејството на наследни фактори се нарекува Amelogenesis imperfecta.
Неправилност предизвикана од дејството на интоксикација (труење) се нарекува флуороза на забите.
Неправилност предизвикана од дејството на сѐ уште неразјаснети причини може да се види како локализирано заматување на забите.