Горе во воздухот
Горе во воздухот (англиски: Up in the Air) е американски драма – филм од 2009 година. Филмот е режиран од Џејсон Реитман, кој пред две години се појавил со драмата Џуно. Овој филм е адаптација на истоимената книга од 2001 година. Поради својата тематика, филмот е снимен на разни места како Лас Вегас, Детроит, Невада, Мајами, Мичиген, Омаха. Повеќе критичари и филмски фестивали го прогласиле филмот како еден од најдобрите за 2009 година и тој имал шест номинации за „Златен Глобус“ и „Оскар“. Премиерата на филмот во Македонија е одржала на 19 февруари 2010 година. Кратка содржинаРајан Бингем (Џорџ Клуни), е типичен вработен човек кој патува со авион од град во град, а неговата работа е да отпушта луѓе. Својот живот Рајан го поминува на американските аеродроми, хотели и изнајмени автомобили. Сè што него му треба, е внатре во патната торба на тркала. Тој е елитен корисник на секоја патничка програма која ги наградува своите корисници и она што сите го сакаат е да го достигнат бројот од 10 милиони наградни милји. Меѓутоа, во животот на Рајан не постои ништо со нешто што тој е навистина поврзан. Кога неговата работа ќе ја заинтересира сопатничката Алекс, шефот на Рајан, под влијание на младата Натали, го известува дека е крај на неговото патување. Соочен со можноста за трајно „приземјување“ кое истовремено делува и застрашувачки и привлечно, Рајан почнува да размислува за тоа како би било навистина да има дом.[3][4] Улоги
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia