Горица (покраина)
![]() Горица или Гориција (италијански: Provincia di Gorizia, словенечки: Goriška pokrajina) — покраина во автономниот регион Фурланија-Јулиска Краина, североисточна Италија. Зафаќа површина 466 км2 и вкупно население од 142.035 жители (2012). Излегува на Јадранското Море со брег во должина од 47,6 км2. Седиште е градот Горица (Гориција). ОпштиниПокраината денес опфаќа вкупно 25 општини[1]. Покрај италијанските, во загради дадени се и традиционалните словенечки називи, освен за градот Горица, каде случајот е обратен.
ИсторијаОд 1924 до 1927 г. населените места на оваа територија биле во состав на покраината Удине. Од 1918 до 1924 и од 1927 до 1947 г. покраината Горица опфаќала низа населени места кои потоа се припоени кон Југославија и денес се во состав на Словенија. Во заграда се дадени поранешните италијански називи.
НаселениеСловенците сочинуваат 11% од населението на покраината.[2] Словенечкиот јазик како малцински е заштитен со закон во 9 општини.[3] Населението во руралните општини Добердо дел Лаго, Савоња д’Изонцо и Сан Флоријано дел Колио) — претежно словенечко, но Словенците бројно се најзастапени во градот Горица. Во покраината живеат и Македонци. Еве ги десетте земји чии државјани се најзастапени во покраината (31 декември 2010):[4]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
45°56′23″N 13°37′24″E / 45.9398°N 13.6234°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia