Горна Волта
Горна Волта или службено Република Горна Волта (француски: République de Haute-Volta) била основана на 11 декември 1958 како самоуправувана колонија во рамките на Француската заедница. Пред да стекне автономија била позната како Француска Горна Волта и дел од Францускиот сојуз. На 5 август 1960 стекнала целосно независност од Франција. Тома Санкара дошол на власт воениот удар на 4 август 1983. По пучот, го создал Националниот совет за Револуција (CNR), а самиот тој бил претседател. Под водство на Санкара, државата го променила своето име на 4 август 1984 од Горна Волта во Буркина Фасо, што означува „Земја на неподмитливи луѓе“.[1] Името Горна Волта означувало дека државата се наоѓа во горниот тек на реката Волта. Реката е поделена на три делови, Црна Волта, Бела Волта и Црвена Волта, кои ги создаваат боите на националното знаме. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia